Body, mind and spirit festival #5

Датум на почеток:

11.05.2016

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Датум: 05 – 06 ноември 2016
Организатори: Здружение за среќен и правилен развој на модерниот човек „Синергија” Скопје, Наше Маало, Art Of Living Skopje

Концепт на фестивалот:

Skopje Body, Mind and Spirit беше прв фестивал од ваков тип организиран кога било во Македонија. Со својата програма фестивалот успеа истовремено да одговори на прашања поврзани со физичкото и ментално здравје, современата и алтернативната медицината, но и состојбата на телото и духот воопшто, и тоа низ едно интерактивно големо случување.
Skopje Body, Mind and Spirit ги собра на едно место сите оние кои со своите услуги и дејности, или пак со своето знаење, можеа да придонесат за поздрав и поквалитетен живот, а во текот на четирите фестивалски изданија Skopje Body Mind and Spirit беше посетен од повеќе од голем број посетители, од кои преку 1000 беа директни учесници на семинари и обуки.
Манифестацијата е конципирана во дводневна програма која годиниве изобилуваше со голем број на предавања од еминентни предавачи од земјата и регионот кои опфатија теми од областа на здравјето на телото и духот, како различни рекреативни спортови, јога, медитација, хомеопатија, акупунктура и акупресура, кинезитерапија, гешталт терапија, НЛП, стрес и стрес менаџмент, но и предавања за превенција, рана дијагностика и третман на различните болести на денешницата.
Истовремено, беа поставени и голем број на различни работилници кои на посетителите им овозможија на едно место да се едуцираат за овие теми, да се информираат за производите и услугите, помошните лековити средства и алтернативните методи на лечење и превенција, а воедно и да ја проверат состојбата на нивното моментално здравје.

Дополнително, во четирите изданија на Skopje Body, Mind and Spirit беше поставена и т.н. Вежбална каде се вршеа презентации на повеќе од 30 различни видови спортови и боречки вештини, додека три пати беше поставено и т.н. Детско катче за едукација и развој на телото и духот на најмладите.

Што се случува оваа година?

Ова издание на Skopje Body, Mind and Spirit ќе вклучува уште поинтересна програма, а покрај сите наведени предавања, семинари и работилници, оваа година, поради просторот, ни и поради желбата, за прв пат имаме и обид за и посебна филмска програма.

Целокупното издание на Skopje Body, Mind and Spirit ќе финишира со Медитација Молитва за мир и просперитет.

ДЕН 1 – 05.11 (САБОТА)

10.00 – 12.00 Светот е вибрација –
предавање за Радиестезија и енергатски
влијанија со Душан Ковачевиќ
11.00 – 17.00 ХОЛ: Хомеопатија за деца,
бесплатни консултации со Наташа Бунтеска
12.30 – 13.00 Sifu Mirko & The Demo Team Performance:
Metal & Fire
13.15 – 14.15 Здрава храна во 5 чекори -Биокосмос
15.00 – 17.00 АКТИВИРАЈ ЈА СВЕСТА
Обука со Билјана Пешева
17.00 – 18.00 Тајните на Овчеполскиот геоглиф
Презентација на Никола Ристевски
18.00 – 19.00 Прва Македонска Амбасада во Галактичката
Федерација – Собир на Уфолози
19.00 – 21.00 Сириус – УФО Разоткривање
документарен филм
10.00 – 17.00 ХОЛ Презентации на домашни производители
на Органски и Билни производи,
Консултации за заболувања на кичма и
алтернативни начини за лекување и здрав
живот

ДЕН 2 – 06.11 (НЕДЕЛА)

10:00 – 18.00 Семинар ТАЈНАТА НА ВЕЧНАТА МЛАДОСТ
со SWAMI Jaataveda – Art of Living, Индија
19:00 – 20.00 Концерт на духовна музика
со Мерсиха и Ерхан Шукри

12.00 – 13.00 (во пауза на семинарот)
Промоција на книгата Бог ја сака забавата
од НС Шри Шри Рави Шанкар

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија