Акција за ДАРУВАЊЕ КРВ vol.3

Датум на почеток:

02.11.2017

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 11 Февруари во Спорт Инн традиционално (веќе трет пат:)) ќе се одржи акција за ДАРУВАЊЕ КРВ од 10-14 часот.

Сите сте добредојдени! Ако не знаете зошто треба да даруваме крв, еве: Зошто да даруваме крв?

Доколку ова ви е прв пат да дарувате крв можеби ве интересира и следното:
– може да јадете нешто лесно пред да дојдете да дарувате крв (бурек не е лесно, геврек со сланина исто така не е лесно, иако така изгледа)
– ќе треба да го пополните следниот прашалник во Спорт Инн
– постојат одредени правила кои што треба да се почитуваат пред да се пристапи кон дарување на крв
– бенефициите за крводарителите можете да ги прочитате тука (на пример можете да побарате потврда за отсуство од работа на два последователни дена, или пак не)
– може да дојдете со голема желба да дарувате крв, но сепак, на крај по прегледот докторот ја донесува конечната одлука
– сите кои веќе имаат дарувано и имаат картончиња не ги заборавајте!

Ова не е акција за членовите на Спорт Инн, ова е привилегија за здравите и надеж за болните, затоа поканете, информирајте и донесете човек ++++

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ доколку не можете да дарувате крв во моментот може ДА ДОЈДЕТЕ, да го држиме стравот на оние на кои им треба поддршка и да се ДРУЖИМЕ.
Кафето/ чајот се на наша сметка.

Од срце,

 

Автор

Дејан

Скопје

Македонија