Трка: Биди хуман! Биди нечиј херој!
Датум на почеток:
27.02.2020
Време на почеток:
09:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Клубот на Млади на ООЦК Центар поддржан од групата “Скопско Ноќно Трчање” организира хуманитарна трка на 5km на ден 26ти Април со почеток во 11 часот (информации за местото следат наскоро).
*Учеството за оваа трка изнесува 100 денари, а пријавувањето е со порака, на која враќаме со стартен број, или на лице место.
Настанот е дел од ЦКА-ПХВ програмата и собраните сретства ќе бидат употребени за подобрување на условите за живот на семејството на малата 9 годишна Фатуше Незири, од село Буковиќ. Девојчето е со хендикеп на долниот дел од телото, а нејзините родители поради постојаната грижа за неа биле приморани да ги напуштат работните места.
Ги покануваме сите трчачи и не-толку-трчачи, професионалци и рекреативци, сите хумани луѓе да бидат дел од оваа трка, и заедно да истрчаме кон подобро детство на малата Фатуше.
Трчаме за подобро детство, за поубава пролет!
ТРЧАЈ! БИДИ ХУМАН! БИДИ НЕЧИЈ ХЕРОЈ!
Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) веќе 16 години претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата.
Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.
Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.
Во текот на цилкусот 2013/2014 обуката ја поминаа 1276 младинци, 1153 од нив изработија рекорден број на 210 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 4055 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 30 838 волонтерски часови.
Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на Норвешка Амбасада од Србија.