Трчаме на Mariovo Off-Road Experience 2017 / Загревање за Момата

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Како и секоја година тимот на TREX ќе организира рекреативно трчање во мариовскиот крај како дел од фестивалот Mariovo Off-Road Experience 2017. Оваа година одбираме кратка рута која е блиску седиштето на фестивалот – манастирот Св. Илија над селото Мелница и трчаме како загревање за Momata Rock Trail 2017 – трка која ќе се одржи следниот ден на 14.05.2017

Програма

13.05.2017
Сместување во кампот – (може и петок вечер) или сабота рано наутро
10:00 организација на групата и старт
12:00 финиш на трчањето
Слободни активности во кампот

14.05.2017
Рано наутро организација со превозни средства и поаѓање за манастирот Св. Димитрија во селото Селце, Прилеп откаде е стартот за Момата Рок Треил 2017 – повеќе инфо тука – https://www.facebook.com/events/297435083988966/

Сите што не одат на Момата може да си останат на фестивалот, да уживаат во природата или да бидат дел од другите активности – https://www.facebook.com/events/182566762241413/

Детали за рутата во Мариово

Можни се две пократки варијанти 12.3 км со 460 м Д+ и
15км со 700 м Д+ а изборот ќе се направи на лице место према групата на заинтересирани. Се прави искачување на врвчето Гола Скрка кое е карши манастирот и посета на влезот на Мелничка Пештера.

Активноста во склоп на фестивалот е бесплатна, а секој што сака да го поддржи фестивалот, добие маичка и останати поволности може тоа да го направи со купување на карта од продажните места на kupikartizase.com низ цела Македонија, на телефон 078/400-047, и во велосипедските продавници Бајк маркет (фонтана во парк), Пробајк (Кисела вода на Рампа), Бајк центар (Католичка црква) по цена од 600 денари.

Сите заинтересирани нека се пријават на некој од долните телефонски броеви:

Трајче Панковски – 070 268 435
Игор Јовановски – 070 997 348

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија