Трчаме кон Целта 2016

Датум на почеток:

04.09.2016

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

По 11ти пат ќе се организира традиционалниот полумаратон Трчаме кон Целта 2016. Оваа година ќе има неколку новитети во склоп на полумаратонот,покрај полумаратонот ќе има штафета 3х7км (максимум 10 екипи) 3х7км фамилијарна штафета (максимум 10 екипи, двајца родители и едно дете или две деца и еден родител,максимум 10 екипи) студентска штафета 3х7км (штафета која ја сочинуваат само студенти 10 екипи) посебна категорија на прогалсување само студенти на 21км машки и женски,трка на 5км посебно прогласување машки и женски и студенти машки и женски,и детска забавна трка на 1км до 12 години или деца родени 2005 и помлади.

Патеката е лиценцирана и има национален сертификат,точно е измерена и за полумаратон и за 5км

Оваа година бројот на тркачи ќе биде лимитиран на 150 тркачи на 21км и 150 тркачи на 5км,причината е поради претесна патека за трчање,можеби некој ќе се изненади поради оваа одлука,бидејќи секој организатор сака што повеќе тркачи да има на стартот,но патеката не дозволува повеќе од 150 тркачи,предност ќе имаат оние тркачи кои ќе се пријават први и ќе ја уплатат котизацијата за подигнување на стартниот пакет ( атлетичари кои се членови на АФМ можат да уплатат во било кое време котизација и да бидат пријавени на стартната листа)

Котизацијата за оваа година ќе изнесува:
500 денари за 21км со маица
400 денари за 21км без маица
400 денари за 5км со маица
300 денари за 5км без маица
200 денари за 1км детска забавна трка.
во штафетните трки котизацијата е иста како за 21км со тоа што сите тројца по завршувањето на трката ќе добијат медал од организаторот.

Пријавување и плаќање на котизација ќе започне на 30 Март и ќе трае до 5 Април,дополнително ќе бидете известени од колку до колку часот и на кое место ќе се уплаќа и ќе се подигнуваат стартните пакети.

Паричните награди дополнително ќе ги објавиме за најдобрите.

Медал ќе има за секој што ќе ја заврши трката на 21км,
ланч пакет за секој учесник по завршување на трката.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија