Слан Дол Треил – отворен тренинг во околината на Штип

Датум на почеток:

02.07.2016

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Неделен долг тренинг во околината на Штип поточно во Слан Дол – низ селата Драгоево, Хаџи Реџепли, Пенуш, Шеоба и други.

Низ серија на вакви отворени тренинзи Krali Marko Trails има намера да ги поттикне сите оние кои сакаат да се приклучат во планинското трчање, а воедно и да се направи подготовка за претстојната тркачка сезона

Ќе бидат формирани две групи:

30 км со околу 500 м D+
30 km со некои 890 m D+

На мапата се дадени двете варијанти за пристап (обележани со жолто и зелено) – од Скопје до селото Драгоево откаде ќе се тргнува без да се влегува во Штип и втора низ Штип.

Останатите кругови се можноите варијанти за трчање кои дополнително ќе бидат потврдени.

Поаѓање : во 7 часот да појдеме од Скопје од бензинската Макпетрол после Автокоманда.
Тренингот би започнал најдоцна во 9 часот

Пристап до селото Драгоево:

Од Скопје
Може да се сврти пред Штип во правец на Струмица (Радовиш). Се вози до после мостот на Брегалница и се врти на првата крстосница во десно па потоа право до село Драгоево.

Од Штип :
Се вози покрај Брегалница преку Ново Село и покрај бањата Кежовица пак се излегува на истата крстосница каде се врти десно па право до село Драгоево.

Контакт – Трајче Панковски 070 268 435

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија