Self-Transcendence Marathon – Маратон за Себенадминување

Датум на почеток:

10.04.2015

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

17ти Маратон на Себе-Надминување/17th Self-Transcendence Marathon

Овогодинешниот Маратон на Себе-Надминување / Self-Transcendence Marathon се одржува на веќе познатата локација во Градски Парк со стартна линија кај Луна Парк. Ке се одржи трка на 21км – Полумаратон, и трка на 42км – Маратон, и ќе се прогласуваат победници во апсолутна категорија, како и во категории по возраст за прво, второ и трето место.

Почеток на трката на 42км – Маратон ќе биде во 09:00 часот наутро, и почеток на трката на 21км – Полумаратон ќе биде во 10:00 часот наутро.

Важно:

За учество на трката потребно е да купите еден од двата купони за трката од www.kupinapopust.mk и да ја пополните пријавата на долу прикажаниот линк.
Пријавувањето и регистрацијата за маратонот и полумаратонот завршува на 29 септември, а подигнувањето на стартните пакети ќе биде на 2ри и 3ти октомври во продавницата за спортска опрема Аутдоор/Outdoor во Центар (ул. Македонија, пред споменикот на Мајка Тереза) со почеток од 09:00 до 20:00 часот во петок 2ри октомври и од 10:00 до 17:00 часот во сабота 3ти октомври. За да го подигнете вашиот стартен пакет потребно е да го приложите вашиот купон како доказ за наплата купен од kupinapopust.mk.

Пријавување за полумаратон/маратон на самиот ден на одржување на трката ќе се биде возможно најдоцна до 1 час пред почетокот на одбраната трка, и ќе чини 1.000 денари. Апликации за пријавување подоцна од 1 час пред трката нема да бидат прифатени.

Важно:

За комплетирање на вашата регистрацијата потребно е да ја пополните пријавата на следниот линк:
http://maraton.mk/registracija.html

Во зависност од вашиот одбран купон во стартниот пакет добивате:
Купон 300 денари – (пакет со јадење и вода – на самиот ден на трката, бројче, и флаер со детални информации за локација и старт на трката)
Купон 550 денари – (пакет со јадење и вода – на самиот ден на трката, бројче, маичка и флаер со детални информации за локација и старт на трката)

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија