Прв до врв 2017
Датум на почеток:
27.02.2020
Време на почеток:
08:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
ПРВ ДО ВРВ 2017
На 21 мај ќе се одржи петтото издание на популарната трка на Водно, ПРВ ДО ВРВ, во која учествуваат неколку илјади спортисти и рекреативци во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.
ШТО Е ПРВ ДО ВРВ?
Спортско-рекреативен настан со кој Скопјани, заедно со посетителите од цела Македонија и соседните држави, еден ден во годината масовно се натпреваруваат до врвот на својата планина Водно.
Качувањето има натпреварувачки карактер за оние кои сакаат да се докажат дека своето редовно дружење со Водно резултирало со рекордно време за качување од подножјето до врвот на Водно.
Скопје е еден од ретките градови во светот што може да се пофали дека има прекрасна планина која започнува од центарот на градот и нема жител на градот што не го посетува Водно по неколку пати во годината. Водно е катче за рекреација на секој Скопјанец во секое годишно време од годината. ПРВ ДО ВРВ е повод сите заедно еден ден во годината да се качиме на нашата планина.
ПРОГРАМА
1. ТРКА ВО ПЛАНИНАРЕЊЕ И ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ
– Старт во 10 ч. од ОУ Кочо Рацин
– Должина на патека: од 5 км (најкратка и најстрмна) до 8 км (најдолга и најлесна)
– Забелешка: Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта)
2. ТРКА ВО ПЛАНИНСКИ И ДРУМСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
– Старт во 9:45 ч. од Музеј на Град Скопје (Стара Железничка)
– Должина на патека: 11,5 км (времето се мери од “летечкиот” старт од ОУ К.Рацин до врв на Водно)
– Елевација: 950 м
– Забелешка: Сите велосипедисти возат по асфалтниот пат до врвот на Водно. Сие учесници задолжително носат заштитна кацига.
3. ИЗЛЕТ И ЕКО ФЕСТИВАЛ
– Старт на музичка програма во 10 ч.
– Церемонија на прогласување победници во 13 ч.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето е преку електронска апликација и плаќање на веб страната на www.prvdovrv.mk.
Цената за учество изнесува:
– 150 денари за пријавување во промо викендот на 4,5 и 6 февруари за првите 100 учесници
– 250 денари за рано пријавување во периодот 7.2. – 31.3.2017
– 350 денари за пријавување во периодот 1.4. – 18.5.2017
– 400 денари last minute пријавување во периодот 19.5 – 20.5.2017
Секој учесник добива:
– стартен број со чип
– официјална маица ПРВ ДО ВРВ 2017
– подароци/производи/ваучери од спонзорите
– освежување за време на трката
– излетничка забава на целта по трката
– победниците добиваат медали и награди
– бесплатно враќање со жичара до Средно Водно
Подигнувањето на стартните пакети ќе биде во петок, 19 мај и во сабота, 20 мај на локација која дополнително ќе биде објавена.
Котизациите за учество покрај со онлајн плаќање, можат да се платат и со уплатница во банка/пошта или во готово на денот на подигнување на стартниот пакет. Цената за учество зависи од денот на уплата без оглед на датумот на пополнување на апликацијата.
ПОДИГНУВАЊЕ СТАРТНИ ПАКЕТИ
Стартниот пакет можеш да го подигнеш на плоштадот Македонија, каде што ќе биде паркиран црвениот двокатен автобус со ознака ПРВ ДО ВРВ, во петок 19 мај од 15 до 19 часот и во сабота 20 мај од 10 до 19 часот.
Доколку не си од Скопје, ќе можеш својот стартен пакет да го подигнеш и во недела пред трката, меѓу 8 и 9 часот, на стартот кај ОУ Кочо Рацин. Но, само доколку претходно е потврдена пријавата со извршена уплата, бидејќи на денот на трката нема да можеме да вршиме наплата ниту за нови, ниту за претходно направени пријави.
ПОБЕДНИЦИ
На победничкиот подиум ќе се качат:
– Најдобрите тројца во планинско трчање во машка и во женска конкуренција
– Најдобрите тројца во планински велосипедизам во машка и во женска конкуренција
– Најдобрите тројца во друмски велосипедизам во машка и во женска конкуренција
Организаторот го задржува правото врз база на објективни фактори да врши измени во термините и условите за одржување на трките и настанот.