Отворен ден на Атлетска Школа “Делта” 2017

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

УПИСИ ВО АТЛЕТСКА ШКОЛА “ДЕЛТА” 2017

Атлетскиот клуб “Делта”- Скопје врши упис на деца од основните училишта (од 7 до 14 години). Тренинзите ќе бидат изведувани од стручни тренери во забавна и мотивирачка атмосфера, ќе се одржуваат три пати неделно (вторник, четврток и сабота) на градскиот стадион во Скопје.

Тренинг програмата ќе биде прилагодена според возраста и ќе има за цел создавање на здрави навики за целокупен психо-физички развој на децата.
Атлетиката е кралица на спортовите и е подлога за сите останати спортови особено за спортовите со топка каде е доминантна брзината, не дозволувајте вашето дете да го пропушти најплодниот период за развој на брзина од 7 до 14 години.

Ве повикуваме да земете учество на отворениот ден на атлетската школа, каде ќе ги тестираме моторичките способности на децата со цел да го откриеме и насочиме потенцијалот во вистинската дисциплина. Бидејќи ние веруваме дека во атлетиката постои дисциплина за секое дете.
Отворениот ден ќе се одржи во недела(23.04.2017) од 10 до 12 часот на градскиот стадион.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

За дополнителни прашања може да не контактирате во приватна порака на facebook или пак на телефонскиот број 071 22 99 81.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија