Хуманитарно ноќно трчање за Зоран Димов – Битола

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

17:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Драги пријатели, на 26.12.2015 година (Сабота) со почеток во 18 часот ќе се одржи Хуманитарно ноќно трчање за собирање финансиски средства и поддршка за еден наш пријател, Зоран Димов со што се придружуваме на неколкуте хуманитарни трки кои за него ќе се одржат во истиот ден во други градови. Го организираме овој настан за да излезиме во пресрет на овој голем човек и спортист кој пред неколку години имаше тешка сообраќајна несреќа при што се здоби со тешки скршеници на двете нозе. Оттогаш тој имаше серија на операции и е во постојан процес на опоравување кои него и неговото семејство го доведуваат во тешка финансиска ситуација.

http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/277/132944395

Настанот ќе биде од отворен тип и на него ќе може да учествува секој кој сака да помогне, без разлика дали ќе истрча 1 или 21км. Трчањето ќе биде со умерено темпо.
На стартот ќе има кутија за донации за секој кој може и сака да донира средства.

За сите оние кои не се во можност да дојдат, ќе може да донираат и на следнава сметка:

Жиро сметка-200002938557568 Стопанска банка – Зоран Димов
(при уплатата наведете шифра 562 -уплата по донации)

Се надеваме дека, ние, трчачката заедница ќе настапиме заеднички и дека ќе го покажеме хуманиот аспект на нашиот спорт.

Се гледаме на 26ти!

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија