Хуманитарна штафетна трка за лицата со Вилсон Vol.2!

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

08:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Со големо задоволство ве покануваме на втората, веќе традиционална :), хуманитарна, спортско-рекреативна манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест во Македонија! Целта на оваа акција е да ја подигнеме свеста на јавноста за Вилсоновата болест, да ја поттикнеме социјална вклученост на лицата кои се соочуваат со оваа болест, како и да поттикнеме што повеќе луѓе на рекреација и подобрување на нивната општа психофизичка состојба.

Премиерното издание, Подај Рака 2015, имаше цел да ја запознае јавноста со предизвиците со кои се соочуваат пациентите со ретки болести, а со тоа и Вилсоновата болест, како и собирање средства за набавка на реагенси за рана детекција и следење на болеста. Горди сме што заедно со несебичната помош и подршка на хуманите луѓе и општествено-одговорните компании успеавме во напорите.

Оваа година, нашата цел е собирање средства за основање регионален центар за поддршка. Во недостиг од искуство и поддршка во својата земја, на пациентите и нивните семејства од исклучителна важност им е поврзувањето со други луѓе засегнати од оваа болест, како би ги добиле потребните информации и совети за справувањето со предизвиците кои ги носи болеста. На медицинскиот персонал, пак, поврзувањето со стручни лица од регионот би овозможило достап до поголеми бази на податоци, корисна литература, можност за стручни консултации и практични совети за дијагностицирање и третман на Вилсоновата болест.

Со овој настан сакаме да им дадеме поддршка на сите лица кај кои најчесто како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, како и да им оддадеме почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив. Лицата со ретки болести имаат право да не бидат невидливи во општеството. ПОДАЈ РАКА!

УЧЕСТВО И ПРАВИЛА НА ИГРА
Трката има и симболичен натпреварувачки карактер во следните категории:
1) Семејство и пријатели
, и 2) Корпоративни тимови.

Котизацијата за учество во штафетната трка 4х1000м изнесува 600 денари по тим.
Оние, пак, кои не се во можност да трчаат, а сакаат да ја искажат својата поддршка со купување маичка со логото на настанот, по цена од 200 денари. Во рамките на настанот ќе се организира и детска штафетна трка на 7 минути за деца до 12 години (бесплатно учество).

Пропозиции за штафетната трка:
• Секој тим брои до 4 учесници и може да е мешан – машки и женски
• Секој тим треба да измине 4 должини (кругови) од 1000 метри
• Првиот натпреварувач од тимот на старт добива штафетна палка. Со палката треба да измине 1 круг (1000 м.) и да ја предаде на следниот натпреварувач.
• Последниот натпреварувач треба да ја донесе штфетната палка на целта

Повеќе инфо и пријавување тука: https://www.smartrace.club/

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија