Gazi Baba XC Challenge `17

Датум на почеток:

03.05.2017

Време на почеток:

10:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Настан: VII традиционална атлетска крос кантри трка ‘Gazi Baba XC Challenge ’17’.

Датум: 05.03 (недела)
Почеток во 11:00 часот
Локација: Парк-шума Гази Баба

Во организација на Endurance.mk – Скопје (АК Индјуренс) и оваа година ќе биде организирана крос кантри атлетската манифестација ‘Gazi Baba XC Challenge’.
Трката е од отворен карактер за сите атлетски клубови, активни атлетичари, рекреативци, љубители на трчањето во природа, од нашата земја, како и надвор од нашите граници.

Должина на патеката:
5.000м. – женска конкуренција;
8.000м. – машка конкуренција.

Старт на трките:
12:00ч

Награди: за првопласираните тројца во машка и три во женска конкуренција, предвидени се парични награди (наградите ќе бидат дополнително објавени);

Првопласираните тројца во двете категории добиваат медали, дипломи и симболични награди од помагателите на трката.
(*организаторите си оставаат за право да ги променат термините за трките и наградите доколку тоа го наложуваат условите, за што учесниците ќе бидат благовремено известени*)

Сите пријавени натпреварувачи добиваат:
– стартен број со чип;
– уникатно дизајнирана финишер медала;
– on-line резултати не подоцна од 2 часа по трката;
– диплома во електронска верзија на вашиот меил;
– освежување за време и по трката;
– во здраво тело, здрав дух и многу забава

Бранови на уплата и регистрација за трката:
Првиот бран на регистрација трае до 20.02.2017 до 23.59часот. До овој термин котизацијата изнесува 590 денари, а секој пријавен учесник на стартната бројка ќе го има напишано и своето име.

Вториот бран на регистрација започнува од 21.02.2017 и трае до крајниот рок за пријавување, односно до 28.02.2017 до 23.59 часот. Во овој термин котизацијата изнесува 750 денари.

Специјална промоција во првите пет дена!!! При процесот на регистрацијата ќе можете да го одберете вашиот омилен стартен број по сопствен избор! Бројките ќе се доделат по принцип, прв пријавен – прв услужен.

ВАЖНО!!! Пријавувањето се затвора на 28.02.2017 (вторник) 23:59 часот.

Подигнување на стартните пакети:
дополнително ќе ве известиме за терминот и локацијата на меилот со кој се имате пријавено, како и на нашиот веб сајт endurance.mk.

Патека: Стартно-целната рамнина е видно обележана, погодна за стартот на натпреварувачите, како и за останатите љубители и симпатизери кои ќе дојдат да го следат овој атлетски настан. Патеката е кружна, еден круг е околу 1.300м и се трчаат онолку кругови колку што е должината на трките.
Патеката е прегледна, обележана околу целиот круг, пропратена со благи нагорнини и надолнини во нејзиниот тек, тревната, земјена површина и чакал, која е погодна за трчање со атлетски патики или со спринтерици.

Бидете дел од најмасовната крос кантри трка во земјата.

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија