Avicena Zenska Trka 2018

Датум на почеток:

04.01.2018

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2018, на 1 април 2018 ќе се одржи 6-тата АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.

Низ изминатите години успеавме бројот на натпреварувачки да го зголемиме и оваа година очекуваме преку 1.500 натпреварувачки да учествуваат во најпозитивната трка во Скопје. Авицена Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.

Дата на одржување: 1 април 2018 – недела
Место: – Бул. Илинден, Фонтана Лотус
Почеток на настанот: 09.30- Аеробик
Старт на трката: 10.00 – Трчање на 2.000 метри (1 круг на бул. Илинден)
Линк за пријавување: www.smartrace.club
Право на учество: Припаднички на женскиот пол без возрасно ограничување
Рок за пријавување: најдоцна до 29 март
Награди: Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман (според Gun Time) ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.
По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од нашите партнери. Награди ќе се делат по следниве категории:
– до 12 години
– до 14 години
– до 18 години
– до 30 години
– до 40 години
– до 50 години
– 50+ години
Котизација:
– до 15.02.2018 / 150 денари
– до 15.03.2018 / 200 денари
– до 29.03.2018 / 250 денари

За пријави до 15 март, вашето име ќе биде испишано на стартниот број. На денот на трката не е можно пријавување.
Подигнување на стартните броеви ќе биде во продавницата на Ри Спорт, која се наоѓа на Бул. Партизански одреди спроти Соборен Храм, на 30 и 31 март од 12 до 20 часот.

СОДРЖИНА НА СТАРТЕН ПАКЕТ:
– стартен број со чип
– онлајн диплома во ПДФ формат
– вода
– учество во лотарија
– подароци од спонзорите

НАСТАНОТ Е ПРЕДВИДЕН ДА СЕ ОДРЖИ ПО СЛЕДНИОТ РЕДОСЛЕД:
09.30 – Аеробик вежби за загревање
10.00 – Старт на трка на 2км
10.30 – Вежби за истегнување и релаксација
10.45 – Прогласување на најдобрите
11.00 – Лотарија
По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од нашите партнери.

ПАТЕКА НА ТРКАТА
Стартот и целта ќе бидат на бул.Илинденска пред Фонтана Лотус и ќе се трча еден круг од 2 км на бул. Илинденска.
Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1 км ќе има и контролна точка за чиповите.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија