18-ти ШРИ ЧИНМОЈ МАРАТОН НА СЕБЕНАДМИНУВАЊЕ

Датум на почеток:

10.02.2016

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Традиционалниот 18-ти Шри Чинмој маратон на себенадминување ќе се одржи на 2-ри октомври со почеток во 9 часот, во Градскиот парк во Скопје. Организатор на настанот е Шри Чинмој Маратон Тим – Скопје.

Трки

Маратон – 42 195 м
Полумаратон – 21 097 м

Опис на патеката и настанот

Стартот на трката е во Градскиот парк, во близина на Луна парк.
Патеката е кружна со должина од 1 750 метри, а се трчаат 12 кругови (полумаратон) и 24 кругови (маратон).

Мерењето на времето се врши електронски, со чипови.
Патеката е официјално потврдена, со што се обезбедени услови за официјално признавање на постигнатите резултати.

Победници се прогласуваат во апсолутна категорија, како и во категории по возраст, за прво, второ и трето место.
На сите учесници кои ќе го завршат на маратонот или полумаратонот се доделува медал и диплома, а на победниците на прво, второ и трето место се доделува пехар, медал и диплома.

Резултати и фотографии од настанот ќе бидат објавени веднаш по одржувањето на Маратонот на себенадминување на веб-страната на организаторот, www.maraton.mk

Освежување

За време на трката учесниците добиваат освежување со вода, сокови и овошје, а по завршувањето на трката добиваат пакет со оброк.

Спортски поздрав,

Шри Чинмој Маратон Тим – Скопје
[email protected]
071 368 733

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија