Вртиме до Д Фестивал // Вело Дружба
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
06:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Велосипедскиот кружок Милтон Манаки ја има честа да ве покани да се дружиме на 15.7 (сабота) до 16.7 (недела). Завршуваме во Дојран односно на Д фестивал, каде што кружокот ќе одржи вело работилница/натпревар и ќе се забавува на одличните бендови кои што ќе настапуваат.
Покрај учеството на Д фестивал, исто така ќе се обидеме да допреме до надлежните со пораката: „За викенди без товарни возила по патиштата” во контекст на отстранување на товарните возила кои транзитираат низ Дојран.
Тргнувањето ќе биде од Гевгелија со почеток од 08:30.
За сите пријавени членови кои ќе учестуваат на возењето, ќе биде обезбедена гратис влезница на фестивалот за двата денa како и обезбеден простор за шатори и велосипеди плус и неколку изненадувања.
Патеката која што ќе се вози е следната:
https://www.mapometer.com/cycling/route_4569783.html
Организиран превоз од страна на кружокот нема, но можеме да бидеме координатори доколку некој се понуди да има слободно место односно некој да нема превоз.
Пријавање на [email protected]
* Напомена – Бројот на влезници е ограничен!
**Секој Вози на сопствена одговорност**
ВКММ.