Велосипедска off road тура – ПИТИЈАДА 2015

Датум на почеток:

10.10.2015

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во организација на ЗГ “Велес Бајкинг”-Велес и Општина Велес, по втор пат се организира “велосипедска off road тура – ПИТИЈАДА 2015”.
Настанот е во склоп на големиот културно-музички настан “ПИТИЈАДА 2015” кој ќе се одржи во периодот од 09.10. – 11.10.2015 (петок-недела).Стартот на “велосипедска off road тура – ПИТИЈАДА 2015” е пред влезот на гимназијата “Кочо Рацин”,на ден 10.10.2015 (сабота), со почеток во 10:00 (пред црквата).

Треба да се нагласи дека патеката ќе биде релативно лесна со должина од 33-37 км и дека по возењето секој учесник ќе има можност за дегустација на далеку познатата Велешка ПИТА ПАСТРМАЈЛИЈА, заедно со убаво Македонско црвено вино.


Учество: Котизација за учество е 200,00 денари.

Секој учесник со претходна потврда за уплатена регистрација на стартниот пакет ќе добие:

Маичка со лого на настанот
Пита Пастрмајлија
негазирана вода
енергетски пијалок
енергетски БАР житарици
Билетите засега ке се продаваат на следниве места:

ПРОБАЈК – СКОПЈЕ, К.Вода-рампа
МОДУС БАЈК – СКОПЈЕ,Лептокарија
ТРЕСКА СПОРТ – СКОПЈЕ, бул. Илинденска
КЛИК КОМПЈУТЕРИ-ВЕЛЕС- спроти Гимназија
Или на следниве броеви:
Сашко +389 75 622 623
Зоран +389 76 482 400 ; +389 76 376 040
Никола +389 76 268 489
Лазе +389 78 349 335

Исто така,можете да уплатите и на следнава жиро сметка.
Примач: ЗГ ВЕЛЕС БАЈКИНГ Велес
Трансакциона с-ка: 300270000110651
Банка на примач: Комерцијална Банка АД Скопје
Цел на дознака: Уплата за стартен пакет за офф роад тура Питијада 2015

По извршената уплата, треба да не контактирате и да ви доделиме регистарско бројче по кое ќе си го добиете својот стартен пакет.
По купената карта за настанот, потребно е да се регистрирате на линкот за регистрација, кој исто така ќе биде пуштен утре.

За останатите градови информирајте се на нашата FACEBOOK страница www.facebook.com/velesmountbiking

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија