Велосипедска прошетка Културното наследство низ Струмичкото Поле

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Културното наследство низ Струмичкото Поле… па тоа е она кога си возиш точак, уживаш со пријателите, прекрасни луѓе исто така се шетаат на своите точаци, а група на добри луѓе се грижат за тебе да ти биде убаво.

13 септември 2015 година – Велосипедска прошетка Културното наследство низ Струмичкото Поле

По прекрасното искуство на велосипедската прошетка по Културното наследство низ Прилепското Поле, оваа година специјално за вас, организираме велосипедска прошетка по Културното наследство низ Струмичкото Поле.

Две рути, за сечиј вкус и задоволство.

Рамна рута:
Рамната рута посетува 7 села, долга е 21 км, целата е по асфалт и има вкупно вертикално искачување од 225 м. Наменета е за лица кои сакаат лесно да поминат, без особено тешки делови, за почетници, за градски корисници на велосипедот, за фамилии, за деца, за сите кои не се брзаат никаде и сакаат да уживаат во полето и да научат нешто повеќе за него. Може да дојдете и со обичен градски велосипед.
http://mk.mapometer.com/cycling/route_4050934.html

Висока рута
Високата рута посетува 7 села и едно езеро, долга е 35 км од кои 10 км се спуст и тоа 5 км по земја, има и 6 км стрмна угорнина по асфалт, и е со вкупно вертикално искачување од 627 м. Наменета е за искусни велосипедисти, оние кои сакаат предизвик, угорница и добар спуст по широк земјен пат. Секако, угорницата си ги носи своите благодети – поглед врз Струмичкото Поле од високо. Заради спустот по земјен пат, препорачуваме велосипед со амортизери и носење на заштитен шлем.
http://mk.mapometer.com/cycling/route_4130161.html

Што ти треба за да учествуваш:
-Желба
-Пријава
-Исправен велосипед, опремен во согласно македонсите закони
-Удобна облека за возење велосипед (понеси си и преслека, нешто за сонце и нешто за дожд)

Настанот нуди:
-Осмислена, нај можно безбедна патека
-Обележана патека
-Лица – редари задолжени да ви го покажуваат патот
-Сервисери задолжени да ви помагаат ако имате проблем со велосипедот
-Обезбедени освежувања и окрепнувања долж патеката
-Кустоси кои ќе ви ги објаснат местата од културно значење
-Лица обучени за прва помош присутни со вас на велосипеди
-Амбулантно возило кое ја следи групата
-Сервисно возило кое ја следи групата
-Ручек
-Изненадување за учесниците

Учество:
Котизација за учество е 550 денари (450 денари за тие што планираат со време), без превоз.
Учеството на деца до 14 години е бесплатно и може да учествуваат само во придружба од родител/старател.
Организиран превоз од Скопје до Струмица за учесник со велосипед е 560 денари (автобус за луѓето и камион за велосипедите).
Пријавувањето ќе трае од 1 август до 5 септември 2015 година.
Кој рано рани, некој денари штеди: за тие што ќе се пријават до 22 август учеството е 450 денари.
*Ако сакаш да ја возиш рутата било кој друг ден и не сакаш да ги уживаш поволностите кои овој настан ги прави за учесниците – слободно направи го тоа.

Превземи пријава:
http://mk.to4ak.com/images/files/PrijavaStrumicko2015.pdf

Важни датуми:
1 август – почеток на пријавување
13 септември – настанот
5 септември – затварање на пријавувањето
22 август – поскапа котизација при пријавувањето

Настанот е во организација на Одржливи иницијативи од Скопје и ВК Актив од Струмица, во партнерство со Општина Струмица, а е поддржан од Општина Василево, Агрофруктус – Струмица, Грозд – Струмица, Интермакс – Струмица, Ресана – Струмица, Стефано 97 – Скопје, Велосипедски сервис Сити Бајк – Струмица.
Медиумска поддршка: МПМ, Нова Македонија, МКД.мк, то4ак, плагиј.ат

Контакт:
Иван 071 289191
Ранте 070 876353
или
[email protected]

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија