Велодарност за настраданите од невремето и поплавите

Датум на почеток:

08.09.2016

Време на почеток:

15:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Драги сограѓани-точакџии верувам сите сочувствувате и длабоко ве погоди оваа трагедија со настраданите во невремето и поплавите. Исто така верувам дека ви е познат концептот на велодарност: носење помош на настрадани и загрозени луѓе во ранци и бисаѓи со точаци, па затоа дојде време како наша граѓанска должност да се организираме и да собереме колку што можеме и со точаците да отидеме да го доставиме до Стајковци, Сингелиќ и воедно да се понудиме на лице место да помогнеме во расчистување доколку е потребно.

Значи секој колку што може нека ги наполни ранците и бисаѓите со неопходни средства: нерасиплива храна, хигиенски средства, облека, вода (иако рекоа дека не е толку неопходна), а оние кои не можат да дојдат, а сакааарт нешто да остават да однесеме нека повелат од 16:30 до 17:00 на добро познатото место: паркингот пред поштата кај Железничка.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија