Наслов

Tour De Galicica 2017
Локација: 
Национален Парк Галичица
Држава: 
Македонија
Датум: 
Петок, 16 Јуни, 2017 - 16:00

Контакт

Outdoor настанот „Тур де Галичица"ќе се одржи по четврти пат oд 16ти до 18ти јуни 2017 година. Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме и оваа година да бидете наши гости.

Организатор на гореспоменатиот настан е Велосипедско - Планинарскиот клуб „Преспа Бајк – Ресен". Оваа година ви најавуваме новини, но и измени кои ќе бидат дел од тридневниот настан. Останува старата добра велосипедска рекреативна тура низ падините на Националниот Парк Галичица. Новина е најава за планинарска тура до највисокиот врв на планината Галичица, (Магаро 2255 м.н.в). Исто како и претходните години, ви нудиме можност за кампување збогатено со забава, но оваа година на нова локација. Кампот ќе биде во Ресен, поточно на местото викано „Касарна".

Велосипедската тура е долга 71 km. Почетокот и крајот се на плоштадот во Ресен. Стартот е во 9h. Линк од целата тура https://www.bikemap.net/en/route/2947774-tur-de-galichitsa/, а слики од истата има поставено на ѕидот. Стартниот пакет ќе биде 300 денари и ќе се наплаќа на лице место.

Збирно место за планинарската тура ќе биде плоштадот во Ресен. Во 9 часот се тргнува со организаран превоз од Ресен до Галичица. Вкупна должина на планинарската тура изнеува 7,5 км. и вкупна денивелација од 1300m. Се молат сите заинтересирани за планинарење да се пријават најдоцна до 15ти јуни за на време да се обезбеди превоз. Стартниот пакет за планинарската тура ќе изнесува 400 - 450 денари, зависно од бројот на пријавени. Наплатата е на лице место.
Стартните пакети ќе содржат маица, вода, пијалоци за освежување, магнезум стапчиња и прехранбени продукти наменети за ужина.

Линкот за пријавување е тука:https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf65JfT8ZUH9wRTKcDaP9YY0OLImXvf...

Сите учесници настапуваат на сопствен ризик.

Со самото стартување, учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе,ниту кон другите учесници.
Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател.
Опрема: за учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед, односно соодветни чевли и облека за планинарење.
Организаторот го задржува правото за правење на евентуални измени кои ќе бидат неопходни, а за кои ќе бидете навремено известени.

Телефон за контакт: Кристијан 078/254-443, Дејан 075/282-207

The Outdoor event "Tour de Galicica" will take place, for the fourth time, from the 16th to the 18th of June 2017. We are really pleased and honored to invite you to be our guests this year too.

The organizer of the above mentioned event is the Cycling-mountaineering club "Prespa Bike- Resen". We have some novelties and some changes which will be part of the three-day event this year. The good old recreational cycling tour through the slopes of the National Park Galicica is there. The mountaineering tour to the highest peak of the Galicica mountain (Magaro 2255 mamsl) is a novelty. Same as the previous years, we offer you the possibility to camp in our camp full of fun activities, but this year the camp is at a new location. The camp will be in Resen, more precisely at the place called "Kasarna".
The cycling tour is 71km long. The start and the finish are at the square in Resen. The start is at 9 o'clock. Here is the link of the whole tour https://www.bikemap.net/en/route/2947774-tur-de-galichitsa/, and you can see photos of the tour on the wall of the fb event. The starting kit will cost 300 denars and it can be paid then and there.

The gathering place for the mountaineering tour will be the city square. We will have organized transport to Galicica at 9 o'clock. The whole length of the hiking tour is 7,5km, and the overall denivelation is 1300m. All the people that are interested in the hiking tour should apply until 15th June the latest because the transportation to Galicica needs to be organized. The starting kit for the hiking tour is 400-450 denars, depending on the number of participants. The paying is then and there.

The starting kits will include a t-shirt, some water, refreshing drinks, some magnesium powder and some snacks.

You can register on the following link https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf65JfT8ZUH9wRTKcDaP9YY0OLImXvf...
All the participants take part at their own risk.

With the start, the participants agree that the organizer does not take responsibility for the participants' actions towards themselves and toward the other participants.
Underage children are not allowed to participate, except with a parent or a person with a custody.

Equipment: to participate, you need to wear a cycling helmet and technically good mountain bike, and appropriate shoes and hiking clothes for the hiking tour.
The organizer keeps the right to make some necessary changes, for which you will be timely informed.

Contact phone numbers: Kristijan 078/254-443, Dejan 075/282-207

За овој настан сеуште нема пријавено гости.