Sava Bistra Adventure 2017

Датум на почеток:

09.01.2017

Време на почеток:

13:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Сава адреналинската авантура, е спортски настан кој треба да се најде на вашиот календар. Со велосипедска патека од 55км и одличен пејсаж, трка за најмалите со природни препреки и патека за пешачење/трчање со најбрзо време.

Годинава почнуваме на 01 септември. Првите два дена, 01 и 02 септември се наменети за дружба и забава. Имаме камп, понеси ја совојата вреќа за спиење, а ние ќе обезбедиме добро јадење, дегустација на пијалоци од нашите партнери и многу добра забава.

Во недела, на 03 септември спреми го својот велосипед, патики, ранец и многу енергија и те чекаме на Сава адреналинска авантура. Понеси ги сите со тебе, од најмал до најголем за сите ќе има адреналинско искуство.

На крај, фан питот на Сава, ќе ве пречека со голема забава и награди.

Цената за учество изнесува 150 денари.

Секој учесник добива:
– организирано планински тури за возење велосипед, планинарење или трчање по маркирани патеки во придружба на водичи на турата
– логистичка поддршка за време на турите (прва медицинска помош, основен сервис за велосипед)
– станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
– ручек по завршувањето на турите на целта во Тресонче
– сувенир маица Sava Adrenaline Adventure 2017
– можност за кампување и користење на сите содржини на кампусот во Тресонче (храна, пијалоци, детско катче, планински тури, забава, концерти, …)

ПРОГРАМА

Во продолжение ви ја претставуваме програмата за адреналинскиот викенд во Тресонче.

Оние што сакаат да кампуваат или пак имаат каде да се сместат во селото или околината, се добредојдени од петок попладне или сабота наутро.

Во сабота имаме релаксирана програма со кратки локални тури за велосипедистите и планинарите, како и дополнителни активности за оние што сакаат поинаков ден.

Недела е ден за спорт и адреналин, со велосипедски и планинарски тури низ Националниот Парк на Бистра. Се разбира, имаме и многу игри и трка за најмалите. Оние кои ќе дојдат само за турите во недела, ги очекуваме да пристигнат во Тресонче рано наутро.

Претходно ја очекуваме твојата пријава на овој линк http://prvdovrv.mk/SavaAdrenaline, најдоцна до 31 август. Пријавувањето може да биде затворено и порано доколку се постигне планираната бројка учесници.

:: Петок ::

17 ч. Пристигнување во кампот
20 ч. Логорски оган и забава

:: Релаксирана сабота ::

Локални лесни тури и активности
– велосипеди
– планинарење
– прошетки
– берење чај и шумски плодови

Одмор во chillout зона

16:30 ч. Ручек

20 ч. Забава

:: Адреналинска недела ::

7-8:30 ч. Регистрација за тури

9 ч. Старт на велосипедски тури
– долга тура од 60 км: Тресонче – Селце – Галичник – Тони Вода – Лазарополе – Тресонче
– кратка тура од 25 км: Тресонче – Галичник – Тресонче

9:30 ч. Старт на планинарски тури
– долга тура од 12 км: Мал Брзовец
– кратка тура од 7 км: Пештера Алилица и Син вир

Детска трка и игри

16:00 ч. Ручек

Забава и лотарија со вредни награди од Сава Осигурување

На оваа супер авантура заедно со “Мрдни со прст” и локалното население ќе реализираме неколку активности во насока на зачувување на природата и убавините на националниот парк Маврово. Ќе мрднеме со прст и во селото Тресонче ќе изградиме забавен детски реквизит. Авантурата ќе ја завршиме со кренати раце на журката која ќе ни ја приреди DJ Гоце Саф и Марко Новески. Ќе се грижиме за прекрасната природа и ќе покажеме како треба да се однесуваме во Националниот Парк Маврово

Официјален линк за настанот http://prvdovrv.mk/SavaAdrenaline

Повеќе детали следуваат наскоро…

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија