Партизанска велосипедска тура

Датум на почеток:

10.11.2014

Време на почеток:

10:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Дали Боро Петрушевски е само АСУЦ?
Колку години имала Невена Георгиева – Дуња кога загинала?
Се чини дека најблиската историја која ни ја донела слободата и републиката најмалку ја познаваме.

По повод 11-ти октомври Левичарското движење „Солидарност” ве поканува на велосипедска прошетка на девет локации во Скопје, важни за првиот партизански одред кој е формиран во Македонија – Скопскиот партизански одред. Меѓу другото, ќе бидат посетени: локацијата каде што е формиран Скопскиот партизански одред, локацијата каде што се случи една од првите две престрелки со окупаторот по окупацијата на Македонија и локацијата каде што загина Благоја Деспотовски – Шовељ во обидот да го убие шпионот Мане Мачков.

На сите девет локации се поставени спомен обележја или спомен плочи, но иако главно се на фреквентни места, обично остануваат незабележани. Причини за тоа се: нивната скромна појавност наспроти визуелното загадување и мегаломанијата, непромовирањето во јавноста, но и нивното несоодветно уредување.

Сакаме да ја запознаеме пошироката јавност со борците кои беа дел од Скопскиот партизански одред. Сакаме и да ја промовираме велосипедската култура. Кое друго превозно средство може да и овозможи на поголема група луѓе во краток период да поминат 9 лoкации оддалечени 8,2км?

Ако немате велосипед, позајмете од некој пријател/пријателка. Од Градски паркинг не’ информираа дека на 11ти октомври ќе функционира пунктот за инајмување велосипеди кај Градска болница (Ургентен центар). Цената на изнајмување е 10денари/час.

Место и време на чекање: крстосница кај Судска палата (страната кон УКИМ), 11 октомври 2014, 12ч
Патека на движење: http://goo.gl/bcemFp

Revolution will not be televised, revolution will not be motorized. Дојдете да се движиме и зборуваме во реални простори за реални луѓе кои се дел од нашата историја и од кои може само да се инспирираме.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија