Мистериите на Беласица МТБ Настан 25/26.06.2016
Датум на почеток:
27.02.2020
Време на почеток:
07:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Планинска велосипедска ДВОДНЕВНА тура низ „мистериозната” Планина Беласица…откријте каде се случила една од поголемите битки во историјата помеѓу Византиската војска и Цар Цамуил…па преку Водопадите над с.Колешино И с.Смоларе…преку Мокринските извори..преку Планинарскиот Дом Шарена Чешма…се до Највисокит врв на Беласица на македонска страна „Тумба 1881м.” и назад до с.Банско до Римската Бања….со вкупна должина од 75км….повелете и уживајте во недопрената природа…ве очекуваме…
1.Учество имаат сите оние кои ги исполнуваат условите подолу:
– пријава на лице место
– над 18год.
– лица од 15 до 18год. изјава од Родител заверена на Нотар
– Планински исправен велосипед
– кацига
– вреќа за спиење
– шатор и вреќа за спиење(доколку се одлучите да спиете во дворот на Планинарскиот дом „Шарена Чешма”)
– храна
– облека
– уплата од 200ден. по лице на самиот Старт за превоз на шаторите и ранците
– уплата од 300ден. по лице за оние кои сакаат да спијат во Планинарскиот Дом (пријавувањето и уплатата да се изврши најкасно до 20.06.2016г. бидејќи бројот на кревети е ограничен)
– уплата од 100ден. за котизација(организација, редари итн.) без марама од настанот
– уплата од 300ден. за котизација со марама
2.Настанот нуди:
– Осмислена, најможно безбедна патека
– Обележана патека
– Лица – редари задолжени да ви го покажуваат патот
– Обезбедени освежувања и окрепнувања долж патеката
– Ручек
– Посета на Колешинскиот Водопад
– Посета на Смоларскиот Водопад
– Посета на врв Тумба 1881м.
– ЗАДОЛЖИТЕЛЕН СПУСТ 15км.
3. Рута
Прв Ден.
– 9:00 собирање и пријавување на учесниците во с.Банско пред Хотел Цар Самуил на паркингот.
– 9:30 тргнување на учесниците
– 10:00 посета на Колешинските Водопади
– 11:00 посета на Мокринските Извори
– 12:00 посета на Смоларските извори
– 13:00 искачување кон Планинарскиот Дом „Шарена Чешма”
– 17:00 ручек на Планинарскиот Дом
– 20:00 журка со најекстравагантниот DЈ Tube
Втор ден.
– 10:00 искачување кон Врв Тумба 1881м.
– 12:00 пристигнување на Врв Тумба
– 14:00 тргнување од Врв Тумба кон с.Банско
– 16:00 пристигање во с.Банско и посета на Римската Бања
– 17:00 Крај на Настанот
Напомена: Сите учесници ќе учествуваат на сопствен ризик и доброволно без никакви притисоци ќе ја потпишат пријавата и изјавата на самиот старт.
Со почит
ВК Актив