МЕЃУНАРОДЕН ДУАТЛОН НАТПРЕВАР-Пропозиции
Датум на почеток:
27.02.2020
Време на почеток:
09:30
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Потсетување за саатницата и текот на Дуатлон натпреварот во недела: 26/10/2014г.
Поделба на стартните броеви во 9:30-10:15h
(натпреварувачите ги подигнуваат своите броеви со важечка лиценца издадена од ТФМ или друг документ за верификација на возрасната кетегорија Л.К или Пасош)
10:30h Старт на натпреварите по категории.
13:00h Поделба на наградите за победниците.
Согласно програмата за работа и календарот на натпревари на ТФМ, се донесуваат следните:
ПРОПОЗИЦИИ
Меѓународно Дуатлон Првенство 2014 година – СКОПЈЕ 26.10.2014
Организатор – ТФМ
Место на одржување Скопје 26.10.2014 – недела
Старт Кеј на Вардар (кај Завод за спортска медицина)
10.30 – Кадети
11.30 – Сениори, Јуниори, Мастерс, ,
12.00 – Пионери стари
12.25 – Пионери млади
13.00 – Прогласување на најдобрите
Поделба на стартни броеви, од 09.30 на стартна рамнина
Учесници и категории; Сениори, Јуниори, Кадети, Девојки, Мастерс35+ и Пионери
Транзиција/Бокс, ќе биде поставен на ширината после мостот. Патеката на возење ќе биде во правец кон Плоштад Филип Втори а трчањето кон х.Александар Палас.
Еден Круг велосипедизам – 5 км, 1 круг трчање е 1.25 км. Маршутата ќе биде појаснета пред стартот на трката.
Право на учество, сите регистрирани спортисти во ТФМ членови на клубовите.Спортистите мора да бидат осигурани и лекарски прегледани. (Обврска на клубовите).
Спортистите кои немаат осигурување и лекарски преглед, потпишуваат изјави дека настапуваат на сопствена одговорност.
Котизација за трката е 100 денари за регистрирани натпреварувачи и 500 денари за нерегистрирани натпреварувачи.
Бодување- Трката се бодува за Шампионат на Македонија во Триатлон.
Технички правила, Учесниците се должни да ги почитуваат правилата на ИТУ и ТФМ и учеството на трката е на сопствена одговорност и сите настанати последици се на сопствена одговорност на натпреварувачите. Задолжително – носење на заштитен шлем и соодветна опрема.
Доделување на дипломите и медалите ќе биде по завршување на сите трки, околу 13.00 часот