Мавровски Маратон 2017

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Маратонот и полу – маратонот имаат рекреативно-натпреварувачки карактер

Должина:
Маратон 91 км
Мал маратон 37,1 км

Старт:
18.06.2017, 09.00 часот Маратон, 9:30 часот Мал Маратон, плоштад Маврово – под хотел Бистра

Организатор: Велосипедски Клуб Енерџи – Скопје, Национален Парк Маврово, Општина Маврово – Ростуше, Велосипедска Федерација на Македонија,

Право на учество: Право на учество имаат лиценцирани и нелиценцирани натпреварувачи/учесници, нелиценцирани учесници помали од 18 години може да стартуваат само со дозвола од родител/старател.

Стартарина:
Уплата за учество на МТБ маратонот се врши директно на следниов линк http://www.smartrace.club

Со пријавување до 09.06.2017 за учество на маратонот се плаќа стартарина од 900 МКД, за полу – маратонот 650 МКД.
Со пријавување од 10.06 – 16.06.2017 за учество на маратонот се плаќа стартарина од 1200 МКД, за полу – маратонот 900 МКД
Уплата по овие дати и на местото на настанот нема да биде овозможена!!!

Стартните пакети ќе можат да се подигнат во продавницата за велосипеди Бајк Стоп, Орце Николов 101 лок.6, Скопје, телефон: 02/ 323 1772, www.bikestop.com.mk, во следните термини:

Четврток, 15.06.2017 од 09:00 – 19:00 часот
Петок, 16.06.2017 од 09:00 – 19:00 часот
Сабота, 17.06.2017 од 09:00 – 14:00 часот

Во стартарината е вклучено:
стартен број со чип
обележување на патеката
основна техничка поддршка на старт/цел и контролните точки
освежување на контролните точки
парични награди за првите пет пласирани
ручек за учесниците
уникатно дизајнирана медала за завршен маратон
on line резултати не подоцна од 4 часа по маратонот
диплома во електронска верзија на вашата е-мејл адреса
За да се добие стартен број потребно е да се приложи документ за идентификација и доказ за извршена уплата!

Правила за учество:
Натпреварувањето ќе биде спроведено согласно со правилникот на Велосипедската Федерација на Македонија и следниве правила:
Право на учество имаат само лицата кои уплатиле стартарина!
Сите учесници настапуваат на сопствен ризик!
Со стартување учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе ниту кон другите учесници!

Временско ограничување за големиот маратон:

контролна точка Чавкарник 12:30 (3:30часа од стартот),
контролна точка Лазарополе 14:30 (5:30 часа од стартот)

По истекот на временското ограничување учесникот ќе биде задржан на контролната точка и нема да се дозволи понатамошно возење. Доколку учесникот продолжи, организаторот нема никаква понатамошна одговорност (превоз, поддршка и сл.)!
Организаторот го задржува правото за измена на правилата и пропозициите во било кое време и истите ќе бидат објавени за време на стартот на натпреварувањето

Опрема:
За учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија