Лешочки манастир – велосипедска тура
Датум на почеток:
03.01.2015
Време на почеток:
08:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Голем поздрав до сите велосипедисти .
Стигна датумот со кој ќе го отвориме Рекреативниот Календар за оваа година. Значи во недела на 01.03.2015 ќе возиме за Лешок.
Тргнувањето е од Плоштад Македонија во 09:00 часот.
Се вози по стариот пат за Тетово (со неколку бонжити паузи – за да се групираме) и преку Желино возиме за Лешок. Во Лешок правиме пауза (пиво, кока кола, јадење, салата, сендвичи од дома, кој како сака) и потоа преку Јегуновце – Радуша возиме за Скопје.
Расположение, кацига и исправен велосипед е доволно за да дојдете на турата – (нормално и физичка подготвеност)
Турата ќе фати околу 94 км.
Секој вози на сопствена одговорност.