Крушево низ Корија

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Рекреативна велосипедска прошетка низ Крушевската корија од некомерцијален карактер.

-Бесплатен камп на Мечкин Камен
-Учество без котизација
-Вечерна забава во кампот во Сабота
-Повластени тандем летови со параглајдер по цена од 1000 ден. за сите пријавени на фестивалот
-Ноќно рекреативно трчање низ Крушево
-Планинарска прошетка низ околината
-Бесплатно освежување и обезбеден ручек во Недела
-И многу други изненадувања…

Се возат две патеки :
– Рекреативна тура низ Крушевските знаменитости
Старт 10:15 ч. Мечкин Камен https://www.strava.com/routes/2819527

– Офроуд тура низ Крушевската корија
Старт 10 ч. Мечкин Камен https://www.strava.com/routes/2882013

-Детали за Ноќното трчање и Планинарската прошетка наскоро…

– Организаторот го задржува правото на корекции за одреден дел од патеките.

– Секој учесник треба да има технички исправен планински велосипед.
– За секој учесник задолжително е носење на заштитна кацига.
– Сите учесници настапуваат на сопствен ризик односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или друите учесници.
– За малолетни лица потребно е придружба од родител-старател.
– Напред возат лица со рефлектирачки елеци и строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и делење од обележаната патеки.

СМЕСТУВАЊЕ!!

За сите оние учесници кои што не сакаат/можат да ноќеваат во кампот

Хотел МОНТАНА ПАЛАС ја има следната понуда :
Ноќевање во еднокреветна соба со доручек: 1.400,00 ден.
Ноќевање во двокреветна соба со доручек: 1.200,00 ден.
Ноќевање во трикреветна соба со доручек: 1.050,00 ден.
Ноќевање во повеќекреветна соба во хостел со доручек: 650,00 ден.

Се работи за дампинг цени заради промоција на настанот.

 

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија