Критична маса #48: Велосипедистите повторно нè изненадија!

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

15:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Ден: Среда, 27-ми април 2016
Време: 17:30
Место на чекање: Плоштад Македонија
Крај: Градски парк
———————————————————————————–
Точак не е сезонско превозно средство. Се врти преку цела година. Сепак пролет е време за будење на се, па и на оние кои гаражираат точак на ладно.

Здружени заедно зимурливите точакољупци и оние несезонските, во пролетните месеци, никнуваат од секаде. Како предвесници на нова точакољупска година го преплавуваат градот.

Како се зголемува бројот на велосипедисти, така се зголемува и бројот на луѓе и институции кои се изненадени од оваа појава. Точак во пролет?! Од каде пак сега тоа?!

Оттука возачите на моторни возила се лутат бидејќи им “одземаме” дел од патот.
Од друга страна, институциите не се трудат да обезбедат функционални патеки, без паркирани возила, контејнери, бандери или сообраќајни знаци.

Обврска на велосипедистите е да возат од десната страна на коловозот кога нема патека, а должноста на возачите е да се грижат за безбедноста на незаштитените учесници во сообраќајот.

Да бидеме свесни за постоењето и на друг вид сообраќај освен моторниот.
Да се изненадиш од точак во сообраќај е еднакво како да те изненади снег во декември. Разбудете се и погледнете наоколу, бројот на велосипедисти во Скопје расте и ќе расте!

До кај ми прдне НаТочак низ Скопје. Е толку е едноставно ова превозно средство. Искористете ја неговата беспрекорна агилност, особено во услови кога моторниот сообраќај е закочен од било какви причини, сведоци сме за такви услови деновиве. Пример, Точак е најдобар начин да се стигне до протест или да се одмине протестот.

Актуелниве општествени дисторзии, на прв поглед, не оставаат простор за други неприоритетни борби. Но, секој си има своја борба, секоја е приоритетна, му се свиѓало тоа на општеството или не.

Возиме точак поединечно целиов период и ќе возиме заедно на 27.04 (среда).
Поради моменталната ситуација возиме по неодредена рута и завршуваме во 18:00 во Градски парк.
————————————————————————————-
Прочитај повеќе на:
Twitter: https://twitter.com/NaTochak @natochak, #НаТочак
Blog: http://natochak.blogspot.com/
Инстаграм: http://instagram.com/natochak
e-mail: [email protected]

Автор

megalogomed

Скопје

Македонија