Критична Маса #19

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

16:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Живееш во Аеродром и студираш во центар. Со автобус: 10 возења = 250 ден, 22 дена X 2 X 25 = 1100 ден. месечно, при неменување на автобуси.

Живееш во Кисела Вода и работиш во Сити Мол. Со такси: 27 дена X 2 X 180 ден.= 9720 ден. со попуст.

Живееш во Влае и работиш во Дебар Маало. Со автомобил: 22 X 70 ден. = 1540 ден. + 800 ден. месечна карта за паркинг = 2340 ден. минимум.

А патувањето со точак чини 0 денари по километар во сите делови на Скопје!

Не е пресметано задоволството кога возиш точак и го доживуваш одблиску градот, возиш и му мавташ на некое другарче од средно, застануваш каде сакаш, тргнуваш кога сакаш, ја среќаваш симпатијата…пак застануваш.

Возењето точак освен што е здраво за нас и градот, практично и најбрзо во гужва, тоа ни штеди и пари. 😉

Дојди на Критична маса, ќе вртиме заедно и слободно по 19-ти пат!

Ќе возиме по следнава рута: http://0.mk/ruta19

Се гледаме!!

Ѕрн ѕрн^^

Автор

Дејан

Скопје

Македонија