Дервенска Тура / Плоштад Александрија / Прилеп

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На Планинскиот настан Дервенска тура ќе бидат опфатени:
– Планинска 41 км. 1000м (Хард-Кор) велосипедиска тура.
***Старт 10:00 ч.
– Планинска 30 км. 456m ( лесна ) велосипедска тура
***Старт 10:00ч.
– Планинско трчање
***Старт 09:00 ч. (Вештачко езеро)
– Планинарска тура
***Старт 09:00 ч.(Манастир Св.Ѓорѓија)
Турите минуваат низ живописниот предел на превојот Дервен на планината Бабуна од која има извонреден поглед кон Прилеп, неговата околина и кон планините Мукос и Селечка.

-Со топло чајче ќе бидат почестени сите учесници кај Домот Дервен (1115 м.н.в.)
-Врвот Белото (1400 м.н.в) е највисоката точка на турата.
-Планинарско гравче ќе се послужи во с.Ореовец.
Организаторот ќе обезбеди ручек за оние учесници кој ќе се пријават најкасно до 19.05.2016 на:
[email protected] или на тел. 075 439 741

***ВАЖНО ( ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ)
Хард-кор тура е тешка за подобро спремни велосипедисти,попатно има кал,исто и каменест дел и се турка на неколку места
– Потребно е технички исправен велосипед
– Носењето КАЦИГА е ЗАДОЛЖИТЕЛНО…

***ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ

– Учеството е бесплатно (за треил 50 ден.)
– Секој учесник на старт потпишува Потврда за учество
– Секој учествува на сопствена одговорност и сам одговара за своите постапки
– Малолетни можи да учествуваат со согласност од родител-старател.

-Велосипедска (Хард-кор) патека.
Старт 10:00 ч. Плоштад Александрија
https://www.strava.com/activities/571733815
-Велосипедска (лесна) патека.
Старт 10:00 ч. Плоштад Александрија
https://www.strava.com/activities/579983810

– ТРЕИЛ ПАТЕКА
Во склоп на Дервенската тура ќе се одржи и планинско трчање со должина од 23km, а стартот е предвиден во 08:30 часот.
-07:45-08:00 – Собирање на учесниците пред плоштад Александрија ( пред Реклами)
-08:00 – Tргнување со организиран превоз заедно со групата за планинарење ( цената на превозот ќе биде објавена накнадно во зависност од пријавените).
08:15-Пристигнување во близинана Прилепското езеро каде е стартот на трката.
-08:30- Старт на трката.
-11:00 – Пристигнување на првите натпреварувачи во с. Оревоец каде е финишот на трката.
-13:00- Прогласување на најдобрите
– Заеднички ручек планинарско гравче за сите учесници.

Детали за трката:
Со цел настанот да биде поинтересен трката ќе има натпреварувачки карактер.
– Учеството за планинската трка е 50 денари, а секој учесник покрај стартниот број ќе добие и диплома за учество.
– Секој учесник на старт потпишува Потврда за учество
– Секој учествува на сопствена одговорност и сам одговара за своите постапки
– Малолетни лица можи да учествуваат само со согласност од родител-старател.
-Категории Машка и Женска, ана најдобрите тројца во машка и женска конкуренција ќе им бидат доделени посебни признанија.

Контролна точка и освежителна станица ќе има една на 8 км. кај Домот Дервен (1115 м.н.в.) попатно има уште неколку чешми со чиста планинска вода.
Вкупната должина на патеката е 23 km со временски лимит од 5h. Патеката може да ја погледнете на следниот линк.
https://www.strava.com/routes/4795756

Пријавување за планинската трка најкасно до19.05.2016 тел.072/308-945 или на фб. профилот Božidar Krim Čaušoski

– ПЛАНИНАРСКА ПАТЕКА
Ман. св. Ѓорѓија с.Присад > пл. Дом Дервен > Борула > Белото > Крстец – Оревоец.

*Програма:
-07:45-08:00 – Собирање на учесниците пред плоштад Александрија ( пред Реклами)
-08:00 – Tргнување со организиран превоз ( цената на превозот ќе биде објавена накнадно во зависност од пријавените ).
08:30 – Пристигнување во ман. св. Ѓорѓија – Присад.
09:00 – Старт на маршот, прва точка пл. Дом Дервен , обезбеден чај од организаторот, втора точка над чешма Студеница, трета точка Белото, четврта точка Крстец, крај на маршот с. Оревоец каде што е обезбеден ручек од организаторот.

Пријавување за планинарската патека најкасно до 19.05.2016
тел. 075/609-821 или на фб. профилот Бојан Станимировиќ

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија