Ај да возиме на Пелистер

Датум на почеток:

07.04.2015

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Ве покануваме на офф-роуд велосипедска тура во реонот на Национален парк Пелистер. Старт на 4 јули од пред инфоцентарот на Нп Пелистер 1360мнв. (или на лазо Вилата) во 09.00 часот. Ќе возиме до Пелистерските езера, таму ќе се журкаме и ноќеваме во домот покрај езерото на 2180мнв.. Следниот ден по францускиот пат продолзуваме до пред врвот Муза од таму следи околу 15км. спуст ЗАТОА НОСЕТЕ КАЦИГИ! После спустот следува релакс возење. После 75 км возење на прекрасниот Пелистер ќе се собереме во манастирот Св.Атанас – Смолево каде се планира и да заврши турата. Патеката ке биде обелезана и маркирана со знаци сè до самото спуштање во Битола.

Секој учесник ја вози турата на сопствен ризик и прифаќа дека домакините на турата не преземаат никаква одговорност за било каква повреда или штета, губење на било какви вредни предмети или слично и изјавува дека е свесен за последиците и опасностите кои можат да се случат за време на турата, дека е физички и психички спремен за турата со технички исправен планински велосипед и ја има потребната велосипедска опрема (кацига и др). Во зависност од временски услови или други технички причини организаторот има право да го смени терминот на турата или целосно да ја откаже.

Бројот на кревети за ноќевања е ограничен и затоа е потребно обавезно пријавување.

Резервација и подетални информации на тел: 078 232 132 и 070 445 171.
или на емаил: [email protected]

фан страна – https://www.facebook.com/pages/Aj-da-vozime-na-Pelister/742307342554709

МАПА НА ТУРАТА – http://www.bikemap.net/en/route/3054546-aj-da-vozime-na-pelister/

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија