Прилеп Куп – Трофеј на Прилеп

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Светски Јуниорски Шампионат во воздухопловно моделарство

и натпревар од светскиот куп „Прилеп Куп – Трофеј на Прилеп”

Од 30 Јули до 7 Август на спортскиот аеродром во Прилеп се одржуваат две значајни воздухопловни спортски манифестации. Првпат Македонија е организатор на Светски Шампионат во воздухопловно моделарство а Прилеп првпат во својата долга спортска историја е домаќин на светски шампионат.

Организатор на овие манифестации е Воздухопловниот клуб „Фил – Феникс” од Прилеп во име на Воздухопловната Федерација на Македонија.

На овие воздухопловни спортски манифестации ќе учествуваат спортисти од 25 држави, и тоа: Америка (САД), Англија, Австрија, Босна, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естониа, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Латвиа, Полска, Кореа, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Украина, Шведска и домаќинот Македонија

За жал Македонија доцна ја доби организацијата на светскиот шампионат затоа што нема можности да очекува добар настап на своја репрезентација. Македонските јуниори кои имаа високи позиции во светски рамки веќе навршиа 19 години и преминаа во сениори. Единствениот наш претставник на шампионатот е Александар Цветановски кој има потенцијали, но е сеуште млад и недоволно искусен. Овој прв настап на натпревар од вакво ниво треба да му донеси искуство и мотив за негов понатамошен успешен развој.

На натпреварот од светскиот куп „Прилеп Куп – Трофеј на Прилеп” ќе учествуваат над 100 натпреваруваќи во 5 категории за јуниори и сениори а додека на светското првенство ќе настапат околу 90 спористи во 3 категории.

Натпреварите ќе се одржат во три категории на модели за слободен лет и тоа Ф1А и Ф-1-Х (едрилици), Ф-1-Б (модели со погон на растеглив гумен мотор) и Ф-1-Ц и Ф-1-П (модели со погон на клипен мотор од 2.5 и 1.5 см3)

Организаторот превзема обемни активности за успешна организација на овие спортски натпревари кои поради строгите пропозиции се сложени и обемни за организација.

Од оваа година Новина ќе биде тоа што резултатите ќе бидат пренесувани непосредно на веб страните од светскиот куп http://www.prilepcup.info и на светскиот шампионат http://wjchamp2016.prilepcup.info/

Автор

megalogomed

Скопје

Македонија