МОЈ ТЕРМИН ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ!

Датум на почеток:

12.05.2016

Време на почеток:

16:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани сограѓани!
Ве повикуваме на 5 декември, во 5 часот, да се собереме пред Општина Град Скопје (Градски парк) и да го изразиме нашиот револт заради огромното аерозагадување.

Ако ве прашаат зошто протестирате:
1. Имаме најголемо аерозагадување од канцерогени PM2.5 честички во Европа (39.4 mg/m3 годишен просек), според Светска Банка.
2. Четворица македонци умираат во просек дневно заради загадениот воздух (1350 годишно), според Светска Банка.
3. Во 2015 година, секое второ дете имало респираторни здравствени проблеми според Институт за јавно здравје.
4. Загадениот воздух има ризици врз репродуктивниот систем кај жените: дефекти при раѓање, смрт на новороденчиња, ризик од канцер, според Светската здравствена организација.
5. Кај возрасните граѓани (над 60 години), загадениот воздух предизвикува мозочни оштетувања и „тивок” мозочен удар што може да предизвика вистински мозочен удар, деменција, депресија и други негативни здравствени ефекти, според Универзитетот во Бостон.

Се гледаме во понеделник!

Здружени граѓански иницијативи:
– Скопје Смог Аларм
– Скопје бара чист воздух
– Let’s do it Macedonia – Ајде Македонија
– Сакаме Аеродром да дише
– No Pasaran!
– Во одбрана на Дебар Маало

Автор

Дејан

Скопје

Македонија