Вики ја сака Земјата, ние ја сакаме Вики

„Вики ја сака Земјатa” е фото натпревар организиран од Википедија за спомениците на природата, заштитените природни подрачја, како и сите природни убавини во Македонија. Ако успееш убаво да ги фатиш нашите природни убавини, убаво и ќе бидеш награден. 

Доколку одите месецов во некои од нашите планини, национални паркови и секакви други природни места, понесете си добар фотоапарат, може вие ќе ги фатите најдобрите слики од нашата природна Македонија. Праќањето на сликите за натпреварот „Вики ја сака Земјатa” може да се направи до 31 Мај, а потоа стручно жири ќе ги одбере најјаките слики. 

Најуспешните ќе бидат наградени со парични награди:

Една прва награда –  300 евра 
Една втора награда –  200 евра
Три трети награди –  100 евра

Наградени ќе бидат и петте најголеми придонесувачи со по 100 евра.

Сите фотографии кои ќе бидат дел од натпреварот, истовремено учествуваат во меѓународниот избор на петнаесет најдобри фотографии на спомениците на природата и заштитените природни подрачја на светско ниво, во конкуренција со сите останати земји учеснички кои го спроведуваат овој ист натпревар во своите земји.

Со натпреварот, Википедија сака да собере фотографии од македонските национални паркови, природни резервати и заштитени споменици на природата кои понатаму под слободна лиценца ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти.

За повеќе информации и вклучување во натпреварот кликајте ОВДЕ