Валканата вистина зад чистите алишта

Ако веќе вежбате, се грижите за вашето тело и се храните органски и здраво, следниот чекор би бил да се погрижите и за вашиот дом и средината во која живеете преку една мала промена…

Облеката секогаш треба да биде чиста и уредна, па за таа цел најголем дел од домаќинствата користат прашоци за перење и омекнувачи за алишта, а ретки се оние кои ќе ја погледнат листата на состојки. Во една студија направена на повеќе познати брендови кои произведуваат продукти за домаќинство, истражувачите нашле повеќе од 100-тина лесно испарливи материи, а во 5 од 6 продукти нашле и такви материи за кои е докажано дека имаат канцерогени ефекти.

Меѓу тие стотина испарливи материи голем дел се алергени, го афектираат ендокриниот систем или се предизвикувачи на рак. Тука спаѓаат 1,4 диоксан, бисфенол, натриум лаурил сулфат, избелувачи на база на хлор, сурфактанти, антимон, феноли парфеми.

Освен тоа, од сите овие штетни состојки што ги носиме врз себе по перењето, огромен процент од нив завршуваат во реките и езерата и допринесуваат за нивното загадување и загрозување на живиот свет.

Како да го минимизирате штетниот ефект од детергентите? Одговорот е едноставен. Со користење на органски еколошки детергенти што не содржат синтетички бои, хлор, фосфати и други артефициелни адитиви.

Предноста на еколошките детергенти за околината во која живеете е тоа што се базираат на сапун од висококвалитетни растителни масла како активна супстанца, добиен по пат сапонификација на ниска температура во процес со 0% емисија на јаглероден диоксид. Тоа значи дека користите производ кој е целосно зелен и еколошки.

Предноста на еколошките детергенти за здравјето е во тоа што ја минимизирате изложеноста на токсини, алергени и канцерогени материи, а користите продукт кој е нежен и безбеден за кожата и облеката.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија