Светот маршира против климатските промени

Над 2000 настани низ целиот свет, марширања, протести, предавања и секакви други јавни презентации, сите повикуваат кон државните лидери од целиот свет да постигнат вистински договор за решавање на климатските проблеми.

Почнувајќи од овој викенд, жителите на оваа наша планeта се обединуваат во двонеделна акција повикувајќи за климатска правда и ставање крај на јаглеродното загадување.

Ќе има илјадници настани низ целиот свет од групни медитации, предавања, работилници, до протести и марширања низ улиците на најголемите градови ширум светот.

Париз, Лондон, Сао Пауло, Берлин, Мелбурн, Кампала, Токио, Мадрид, Канбера, Рим, Дака, Амстердам, Брисбан, Кјото, Барселона, Оукланд, Отава, Бејрут, Копенхаген, Сиднеј, Мексико сити, Осло, Сеул, Букурешт, Јоханезбург, Киев, Единбург, Аделаин, Стокхолм, се само дел од градовите низ кои улици ќе се маршира со цел да се направи притисок врз лидерите за преземање акции против климатските промени.

Ова се прави токму пред почетокот на глобалната климатска конференција која започнува на 30ти ноември (понеделник) во Париз, каде сите држави на планетата треба конечно да постигнат обрзувачки договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и преминување кон употреба само на чиста енергија.

Климатската конференција е 21ва по ред, поминаа многу години во кои лидерите поради секакви изговори не дојдоа до заеднички договор за решавање на проблемот со преголемата употреба на фосилни горива.

“Ни треба климатски договор кој е во согласност со науката и праведноста. 80% од фосилните горива мора да останат под земја и мора да се финансира праведна транзиција кон 100% чиста енергија до 2050та.” – Ова е порака која секој од нас може ја испрати до лидерите на климатската конференција со потпишување на петицијата што е отворена на линкот овде. http://350.org/global-climate-march/

Во меѓувреме, за овие два дена колку што трае викендот нашето сонце ни дава енергија колку што целото човештво би ја користело за наредните 10 години. И ќе продолжи да ни дава бесплатна, чиста енергија во изоблиство и во наредните билион години…

Чисто за потсетување, погледнете еден од говор од веќе далечната 1992 година, на првиот Earth Summit од каде започнаа договарањата за глобални акции, говор кој отрезни многу тогашни лидери за поголема загриженост и алармантност кон најголемиот проблем на планетата.