Резултати од анкетата за загадениот воздух

Огромна благодарност до сите кои го дадоа своето мислење за состојбата со загадениот воздух во македонските градови. Во продолжение ги имате резултатите од кои можете да добиете појасна слика како размислуваме колективно кога се работи за оваа проблематика што сите нè засега. 

Учествуваа 834 читатели и кажаа…

 

.PDF ВЕРЗИЈА ОД РЕЗУЛТАТИТЕ

Нашите првични заклучоци од анкетата се:

  • Огромни 97% од анкетираните сметаат дека квалитетот на воздухот не е подобар од минатата година!
  • На огромни 98% им влијае загадениот воздух!
  • Најголемиот број анкетирани лица имаат потешкотии со дишењето, иритација на очите/носот/грлото и имаат грижа за здравјето на децата и сопственото здравје како резултат на загадениот воздух!
  • Дури 60% од анкетираните сакаат да се преселат на друго место каде воздухот е почист!
  • Скоро 75% од анкетираните сметаат дека најголемата одговорност за справување со загадувањето на воздухот ја имаат државните и локалните власти.
  • Сепак, најголемиот број испитаници сметаат дека подобрувањето на животната средина е одговорност на секој граѓанин.
  • Многу мал број или само 11% користат заштитни маски и домашен прочистувач на воздух.
  • Само 36% од анкетираните во својата исхрана вклучуваат многу повеќе овошје и зеленчук за подобрување на својот имунитетен систем како би се справиле со последиците од загадениот воздух.
  • Најголемиот број или 77% за да се заштитат – се трудат колку што е можно помалку да бидат на отворен простор кога воздухот е загаден.
  • Иако моторните возила добија најмногу гласови како главни причинители за загадениот воздух сепак мал број би се сложиле полицијата да врши чести проверки кои автомобили колку загадуваат.