Прозорците што гледаат кон 2050-та

Сакаш да погледнеш како ќе изгледа Европа за неколку децении? Летово многу луѓе од цела европа се вклучија да ја фатат визијата за Европа во фотографии, па сега сите можеме да погледнеме што направија.

Летово имаше многу добра наградна игра од европската агенција за животна средина наречена “Picture 2050“. Требаше во три фотографии да се опфати долгорочната визија за Европската унија. –

Сите жители на европскиот континент имаа можност да создадат сторија од три фотографии во кои се гледа визијата за ЕУ – “Во 2050та живееме добро, во лимитите на нашата планета”.

Во текот на летото колку што таеше можноста за аплицирање се вклучија повеќе од 150 визионери од 25 европски држави. Од нив се избраа 42 финалисти кои беа оценувани од јавноста и од комуникациските експерти од Европа со што се избраа најдобрите 3 фотографски стории, најдобриот младински сет фотографии и најдобриот приказ според гласачите на интернет.

Па ај да видиме како ќе изгледа Европа за 35 години…

Првата награда отиде во Латвија на Сигита Лапина со својот поглед за Европа.

Втората награда ја доби Николаос Калкоунос од Грција.

Третата награда отиде за фотографиите на Целесте Зацариа од Италија.

Во категорија млади визионери до 24 год., победник е Ветон Куртеши од Косово.

Најдобро фаќање на визијата за 2050та според гласачите на интернет направила Надиа Д’Амико од Италија.

Сите останати фотографии се достапни на на Flickr – и се многу јаки :), браво за сите учесници.