Наслов

Прочистувач на воздух - Јонизатор РА 600

Компанијата МЕДИКУС ХЕЛП долги години води грижа за здравјето на луѓето. Својата палета на производи ја збогати со стилски дизајнираниот прочистувач на воздух - јонизатор РА 600.

Јонизатор PA 600

✔Го прочистува воздухот до 99,97%

содржи карбонски филтер и ХЕПА филтер, јонизатор и плазма

✔Генератор со чија помош ги прочистува и јонизира дури и најситните честички во воздухот

✔Погоден е за употреба за сите возрасти, особено за бебиња, деца, бремени жени и стари лица

✔Една година гаранција и обезбеден сервис и резервни делови

✔Произведен е во Италија

Современиот начин на живот, секојдневните обврски, а и сѐ позагадениот воздух надвор, нѐ принудуваат најголемиот дел од времето да го поминуваме во затворени простории. 

Дали некогаш ви се случило вам или на вашите деца да се чувствувате уморно и без енергија? Една од причините за таквата состојба на организмот е недостатокот на негативни јони во просторот.

Јонизатор е електричен уред кој го прочистува и јонизира воздухот на тој начин што ги неутрализира позитивните честички  кои настануваaт како резултат на електричните уреди (ТВ, компјутер, инсталација, мобилни телефони...). Позитивните честички (прав, чад и непријатните мириси) ги врзува за негативните анјони, и ги неутрализира со тоа што како такви паѓаат на подот и се лесно достапни за отстранување.  Поради се позагадениот простор околу нас се препорачува користење на јонизатори со карбонски пре-филтер и ХЕПА филтер со ефикасност на прочистување на воздухот до 99,97%, каков што е РА 600.

Како такви, овие јонизатори го прават воздухот свеж и полесен за дишење со тоа што ги отстрануваат и ублажуваат симптомите предизвикани од алергии и астма, бронхитис, мигрена и главоболка, срцеви заболувања, несоница, омалаксаност, потиштеност, мачнина. Затоа јонизаторите се препорачуваат за трудници, бебиња и мали деца, стари лица и сите оние кои сакаат да се ослободат од стресот.

Дозволете да ви предочиме подетално неколку здравствени придобивки од негативните јони, кои се надеваме дека ќе бидат добра почетна причина да го набавите јонизаторот РА 600 во една од продавниците на МЕДИКУС ХЕЛП.

1. Негативните јони покрај тоа што ги ослабуваат лошите ефекти од позитивните јони, тие влијаат на нашето чувство на благосостојба. Од таа причина, честопати, јонизаторот е нарекуван ПРИРОДЕН АНТИДЕПРЕСИВ.

2. Негативните јони се докажани во процесот за прочистување на воздухот од прашина, полен, спори од мувла и други потенцијални алергени.

3. Негативните јони значително ги намалуваат вирусите и бактериите во воздухот  во нашиот дом.

4. Негативните јони ја подобруваат функцијата на клетките во дишните патишта со што нашите бели дробови се заштитени од иритација и воспаление. Како резултат на тоа се намалува ризикот од респираторни болести како настинка и грип, па дури и реакции на поленов прав и астма.

5. Негативните јони имаат релаксирачки ефект и одговорни се за нормализирање на нашиот ритам на дишење, за намалување на крвниот притисок, а со тоа и за намалување на  напнатоста. Тие се апсорбираат  директно во крвотокот со што помагаат во борбата против штетните слободни радикали во нашето тело.

6. Истражувањата покажуваат дека присуството на високото ниво на негативни јони е ефикасно во лекување на сезонско афективно растројство (ЕЦД).

7. Негативните јони го подобруваат нивото на енергија и фокус. Докажано е дека го нормализираат нивото на серотонин во мозокот со што се подобрува расположението. 

8. Негативните јони придонесуваат за подобар сон. Ова е уште еден од нивните позитивни ефекти, со што влијаат врз нормализирањето на производството на серотонин во мозокот.

9. Негативните јони ја намалуваат главоболката и чуството на мачнина. Од таа причина, јонизаторите се користат во многу болници низ Европа. 

10. Д- р Пирс Хауард од Центарот за применети когнитивни науки (Pierce J. Howard PhD at the Center for Applied Cognitive Sciences), во делото Owners Manual for the Brain вели  - „Негативните јони го зголемуваат протокот на кислород до мозокот што резултира со повисока будност, намалена поспаност и повеќе ментална енергија”.

МЕДИКУС ХЕЛП – Пријател на животот

03 Јануари 2017

За авторот