Препорачуваме!

Наслов

Конески за храмовите на природата

...

Планина

Има еден слој врз душата:
со нокти би го гребел,
со еге би го стругал,
би го стружел со ноже како лишај на карпа.
И да се случи
дури со волк да се здавам,
да го преколам,
и да сум здивен сосем —
пак таа скрама!
Планино, рамна рудино,
планино со два огромни колка,
ништо не лекува,
само нè слекува
до основната болка!

Блаже Конески

16 Април 2015

За авторот