НУЛА ОТПАД – ШТО, ЗОШТО И КАКО

Што е Нула Отпад?  Нула Отпад е филозофија и цел која прераснала во движење каде се цели да се намали конзумирањето до можниот минимум, при што производите и пакувањето на производите би биле заменети со одржливи замени кои би можеле да се реупотребуваат, рециклираат и намалат.

Ова движење има за цел етички, економично, ефикасно и визионерски да ги упати луѓето кон промена на својот животен стил и навики кои го возобновуваат циркулирањето на природните процеси, каде сите непотребни материјали би биле ресурси кои другите луѓе можат да ги користат.

Зошто Нула Отпад? Сиот отпад кои ние како конзумеристи го создаваме мора да заврши некаде! Отпадот завршува во депониите, во кои разнишан од временските услови или закопан во почвата, се раствора во неа, неговите исцедоци стигаат до водата, неговото испарување го загадува воздухот. Пластиката која всушност никогаш не исчезнува ги загадува океаните, почвата, воздухот и сите останати водни површини. Животните незнаејќи што е, ја конзумираат, луѓето преку водата, храната и воздухот ја впиваат во себе. Отпадот од храна што секојдневно се фрла би можел да нахрани многу гладни луѓе, само затоа што не ги користиме моменталните ресурси правилно, еден дел од луѓето гладуваат. Ја уништуваме природата која е мајка на сите природни ресурси без кои не би можеле да останеме на оваа планета или да ја оставиме за генерациите кои следат. Ова навистина е аларм кој треба да не разбуди од сонот на несвесноста за сопствените постапки.

Како до Нула Отпад? Најлесен начин да се стигне до Нула Отпад е преку следење на 5-те R. Тоа се:

  • Refuse – одбијте го она што не ви е потребно (летоци, непотребна пошта, предмети за еднократна употреба: сламки за пиење, пластични чаши, чинии, прибор за јадење, кеси, пенкала, беџови…)
  • Reduce – редуцирајте го она што не ви е потребно (ослободете го и прочистете го домот од предмети кои не ви се потребни. Можете да ги донирате на некој кој му требаат, да ги замените за нешто што ви е потребно, да ги продадете во антикварници. Пред пазарење проверете што ви е навистина потребно, направете листа и потоа пазарете. Купувајте намирници на мерење/рефус. На тој начин нема да купувате непотребни предмети.)
  • Reuse – реупотребете ги предметите (понесете со себе шише за вода кое не е за една упореба, прибор за јадење, платнени торби за пазарење, намирниците складирајте ги во стаклени тегли, хемиските средства за чистење заменете ги со природни кои ќе ги направите во својот дом…)
  • Recycle – рециклирајте го она што не можете да го одбиете, редуцирате или реупотребите.
  • Rot – компостирајте го она што може да изгние (Направете компост во кој ќе ги преработите лушпите од зеленчук и овошје, пилевина, хартија…)

Сето ова изгледа како голема промена и навистина е така, но не очекувајте совршенство од себеси на почетокот, целта е чекор по чекор, во моментот кога ќе се чувствувате удобно да правите помали промени кои со тек на времето ќе еволуираат во промена на начинот на живот во еден многу по одржлив од досегашниот.
Во продолжение ќе споделам фотографии и документарци кои ја представуваат вистинската слика на отпадот на нашава планета. Во наредните блогови ќе ги споделам моите промени и совети како да чекорите кон Нула Отпад.

Документарци:

Bag It
https://www.youtube.com/watch?v=Km-CYcf2ags&list=PLiQmjwY1e5icKM_1j9VMX7u5y5fgpvNOj autoplay:1

Trashed
https://www.youtube.com/watch?v=1jXuD-FLURA&t=1506s] 

JustEat It – A food waste story
https://www.youtube.com/watch?v=zkASAZGIuu0

How Do We Solve Our Trash Problem?
https://www.youtube.com/watch?v=Yg1tEKILiR4]

Фотографии:

Продолжете да танцувајте во ритамот на Природата!