Најдобриот природен мелем за рани

Веројатно ја знаете поговорката – „Понекогаш лекот чини пет пари”. Навистина некогаш сè што треба да направите е да подадете рака кон некоја од билките на природата и да препуштите таа да се погрижи за вас. Ајде да се потсетиме на црвениот еликсир на природата и неговите магични својства – кантарион. 

Кантарионот или уште попознат како засеклива или богордична трева е билка која наоѓа широка примена уште од дамнешни времиња. Оваа билка со среден раст и ситно жолти цветови е вистинско чудо од природата заради нејзините неверојатни својства. Може да се најде на рабовите на дабовите шуми, пасиштата, во подножјата на планините и по околните ливади. Цвета во текот на целото лето односно од крајот на Мај па се до почетокот на Септември. Се бере горниот дел од билката и цветот.Може да се користи во форма на чај, тинктура или пак потопена во маслиново масло од кое се добива прочуеното Кантарионово Масло.

Кантарионот (лат. Hypericum Perforatum) го добил своето име по грчкиот бог на сонцето Хиперион. Во народната медицина е исклучително користен заради неговите антибактериски, антивирусни и антимикотични својства, а докажано позитивно влијае и кај психичките заболувања како депресија и анксиозност. Богат е со етерични масла, железо, танин, флавоноиди и хиперицин од кој и произлегува црвената боја на маслото.

Ајде да се обидеме да наведеме во кои се случаи се користи кантарионот:

-рани
-изгоретини
-вагинални инфекции
-хемороиди
-проширени вени
-чиреви
-лузни,стрии и акни
-реума и гихт
-депресија
-несоница

Без разлика на тоа дали ќе се одлучите да го користите во форма на масло или чај, лековитоста на кантарионот е загарантирана.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија