Наслов

Младински еко-камп во Горна Белица

Од 29-31 Мај беше одржан првиот младински еко-камп на планината Јабланица како дел од проектот ,,Младите во движење".

Целта на кампот беше младите да се запознаат со биолошката разновидност на планината Јабланица, лековитите својства на билките и печурките и начини на нивно одржливо користење. Исто така, младите имаа можност да се запознаат со последиците од нелегалната и неконтролираната сеча со која огромни предели на шума се опустошени и уништени во изминатите години. Низ сликите кои се поставени подолу ќе се потрудиме да ви ги доловиме сите активности и дружењето во кое уживаа сите учесници на кампот.

Овој проект е финансиран од фондацијата Еуронатур од Германија и фондацијата Мава од Швајцарија, а е поддржан од Македонско еколошко друштво.

Целосната статија ТУКА

  • „Еко кампот органзиран од страна на планинарското друштво Закамен од Струга за мене беше едно многу добро искуство. Деновите поминати во забава и дружење со до скоро не познати другари ќе се паметат долго. Исто така за време на овај камп се запознав со некој работи што ќе ми служат цел живот како што се запознавање со некои видови печурки и запознавање со лековитите својства на некој од билките кој можат да се најдат на планината Јабланица.” (Ален Кадриески, 16)

06 Јуни 2015

За авторот