Преку рафтинг до почист Вардар

На 19 јуни, 2016 на релација Неготино – с.Миравци извидниците од Прв Скопски Извиднички Одред за прв пат рафтаа со новиот чамец. Попатно, тие се потрудија да го соберат отпадот реката Вардар оставен од несовесните граѓани.  

Прв Скопски Извиднички Одред поддржан од Европската фондација „Пријатели на извидниците ширум светот” организираше акција преку рафтинг и забава до чиста река Вардар. Целта на подвигот беше подигнување на свеста и ширење на извидничката мисија – Создаваме подобар свет односно да го оставаме светот подобро место за идните генерации.

Во акцијата која траеше 7 часа извидниците успеаја да соберат 4 кеси со отпад од водите на реката на потегот Неготино – с.Миравци. Оваа активност е дел од нашиот проект за рафтинг и чистење на реката Вардар поддржана од ‪#‎FOSE‬.

Уживајте во авантурата низ фотографиите и до следниот рафтинг, Првиот Скопски Извиднички Одред ве поздравува со извиднички поздрав. Биди подготвен!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија