Парите се на кров, а не под перница!

Блазе му на Гугл што има ресурси и кретивни батковци што не клатат квака за да земаат плата, туку реализираат максимално позитивни проекти за човештвото. Еден од тие проекти е и СОНЧЕВ КРОВ , a преку него, вие од Гугл ќе дознаете каков е потенцијалот на вашиот кров за искористување на сончевиот потенцијал преку сончеви колектори. На кратко тоа значи олеснување на математиката околу тоа колку ќе заштедите со ваквите системи (а сигурно ќе заштедите), а и колку ќе ја поштедите планетата земја…

Project Sunroof во превод „Сончев Кров” е проект кој има за цел да формира платформа која ќе овозможи детална калкулација на потенцијалот за сончево колектирање на вашиот сончев кров во зависност од бројни фактори како местоположбата на вашата куќа, квадратурата на кровот, опкружувањето, просечниот број на сончеви денови на локацијата и многу други информации кои слободно кружат на интернетот. 

Истиот најмногу ќе ги користи веќе достапните сателитски снимки од Гугл Мапс кои ја даваат основата за калкулацијата т.е. локацијата на куќата и местоположбата на кровот, а потоа само ќе треба да се направи калкулатор кои ќе ги спои сите други фактори во играта со што на крај би се извадила некаква крајна калкулација за потенцијалот на кровот и заштедата што семејството би ја правела на месечно и годишно ниво.

Моментално проектот е во тест фаза само во неколку градови во САД, Бостон, Сан Франциско и Фресно и калкулирањето е можно само во овие градови, но Гугл има план ова да го направи на пошироко ниво. 

Соларните колектори имаат огромен потенцијал за продуцирање на чиста енергија во целиот свет, особено во територијата на нашата држава која има и повеќе од доволен број на сончеви денови.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија