Заштити ги Охридско и Галичица

Една петиција си шетка низ интернетот и многу бргу се потполнува, заштита на Oхридско Езеро и Националниот Парк Галичица. Ти значат нешто овие две прекрасни природни богатства?  

Невладината еколошка организација Фронт 21/42 пред еден ден објавија петиција за зачувување на Охридско езеро и Националниот парк Галичица, природни богатства за кои цел свет зборува и ги цени.

Да не објаснуваме многу, кликајте на линкот “петиција” и погрижете се да останат заштитени и природни како што биле со (милиони) години…

ПЕТИЦИЈА