Општествен велосипед за тебе Македонијо!

Ти треба еден огромен велосипед за цело општество да се забрза, да стигнеш побрзо до целта наречена правилно и вистински развиено општество… отвори очи, отвори ум и читај внимателно!

Велосипедот како алатка е синоним за напредок на човештвото.

Ние со своите вродени физички перформанси не сме најдобри во животинското царство на земјата. Природата има дизајнирано далеку подобри животни кои се многу поефикасни од човекот. Но дај му велосипед на човечкото тело и тој станува најефикасното животно на земјата.

Тоа е единствена разлика што ја има човекот од другите животни, способноста да создава алатка со која ги усовршува своите способности и ја поместува границата на својата лимитираност.

Тоа е причината поради која се што гледаме денеска може да биде забрзано и унапредено.

Со оваа филозофија се водел Стив Џобс (фала ти легендо), помислата дека може да создаде алатка која ќе го забрза човештвото во својот развој на човекот му е потребен еден вид велосипед за умот со кој ќе ги забрза своите способности за обработка на информации.

Макотрпна работа со визионерски погледи и тој стана еден од главните виновници за дигиталната револуција која го отвори патот за информатичката ера во која живееме денеска.

Враќање во Македонија и да видиме како може општеството да добие велосипед за да се убрза во развојот. Како дел од светот и овде дигиталната револуција и информатичката ера се во полн погон. Повеќе од 67% од граѓаните во Македонија користат домашен компјутер, а интернет користиме повеќе од 68%. СТАТИСТИКА ТУКА.

Во информатичка ера, велосипед за општествениот ум е логично да биде некој сет на информации…

Тој сет информации се вика императив за општествен напредок, револуционерно мерило за напредок на општествата, создадено пред 3 години, што ја дава целата слика за едно општество со реални показатели каде кикснува најмногу и каде дава најдобри резултати.

Еднаш кога се знае целата слика за состојбата, многу полесно и побрзо можат да се утврдат работите кои треба да бидат унапредени.

Замисли го општеството како човек кој се запишува во теретана и има за цел да стане фит т.е. да се развие. Во општествениот ум на тој “човек” треба да знае кои ” сет мускулни ткива” треба да се навежбаат за да има вистински развиено општествено тело.

Во овој случај, стомачните мускули на Македонија се основните човечки потреби, грбните мускули се столбовите за благостојба, а мускулите на екстремитетите се еднаквите и слободни можности во општеството.

Накратко, еве ја сликата за Македонија во 2015та, споредена со 3те најнапредни општества во светот, Норвешка, Шведска и Швајцарија.

Од анализава се гледа дека можностите во македонското општество т.е. нашите екстремитети кои треба да не движат ни се најслабо развиени, мораме многу повеќе да вежбаме толеранција, квалитетно високо образование, лични слободи и избор, човечки права…

Особено значајно е вежбањето екологија, најслабиот поединечен мускул на македонското општество кој спаѓа во столбовите на благостојба, грбот кој треба да не држи исправени.

Подетална анализа за македонското општество во 2015та може да се прегледа на следниов линк.

Секако ова е само почеток но сликата е многу појасна и многу полесно може да се одлучи кој колку добро ја разбира состојбата во Македонија и според тоа каква програма дава за вистински развој.

Европската унија веќе многу сериозно се нафати во користење на императивот за општествен развој и го имплементираат во секој регион од унијата, за попаметно инвестирање на буџетските средства.

Во продолжение погледнете го објаснувањето за општествениот прогрес и колку е погрешно да се смета бруто домашниот производ како мерка за успех на државата. (пример: оваа година имаме околу 3% раст на БДП, што треба да значи успех но дали е тоа вистински успех?)