Македонијо имаш кец по екологија

Како ќе го поправиш кецот? Знаеш дека со кец не се оди напред, се оди на полагање! Со тие кои имаат петки, да одиш со нив да се дружиш и да научиш!

Од каде кецот? 

1. Истражувачкиот центар Нумбео го мери степенот на загаденост на државите во светот и според последните мерења, во Европа сме убедливо 1ви по загаденост.

2. Индексот за општествен напредок (Social progress index) покажува слични резултати, степенот на одржливост на екосистемот во Македонија е во групата најслаби во Европа. –

3. Индексот за добра држава (Good country index) покажува дека најслабо придонесуваме во делот подобрување на планетата и климата, меѓу најслабите во Европа и светот. 

Кои имаат петки? 

Според истите индекси, најдобро е да се дружиш и да учиш од Скандинавците.

Затоа еве ти две инфузии во следниве 5 недели, бесплатни курсеви за секој на кој не му се допаѓа еколошката ситуација во Македонија. Може да ги следиш и доколку се одлучиш да не полагаш.

Не одземаат многу време, 7-8 часа неделно во следните 5 недели, а потоа имаш многу поголемо знаење за како да ги решиме мноштвото еколошки проблеми во Македонија.  

1. Зазеленување на економијата, Лекции од Скандинавија (Greening the economy, Lessons from Scandinavia) – Лунд универзитет Шведска

Почнува од 14ти септември и трае до 27ми октомври во кои се објаснуваат одржливоста, климатските промени и како да се комбинира економскиот развој со здрава животна средина. Со курсот се открива како индивидуалните однесувања, бизнис стратегиите, градовите и националните политики можат да промовираат позелена економија.

Клик тука за да се вклучиш во учење заедно со луѓе од цел свет.  

2. Глобален еколошки менаџмент (Global environmental management) – Технолошки универзитет на Данска

Почнува од 18ти септември и трае до 30ти октомври, учејќи за најдобрите еколошки технологии за одржлив развој и како се менаџираат во различни делови низ светот.

Курсот истражува како сите во глобалниот свет ги раководат еколошките предизвици. Проблемите со загадувања, недостаток на чиста вода и останати ресурси се воглавно резултат на човечките акции и како одбираме да живееме. Сите сме поврзани, во добро и лошо, загадувајќи преку границите, трошејќи работи кои се добиени и произведени од сите страни на светот. Секое општество има свои силни страни и слабости затоа со курсот се прегледува како еколошките проблеми се справувани различно во различни општества.

Клик тука за да се вклучиш во учење заедно со луѓе од цел свет.