Кога Шварценегер ќе ти каже да не јадеш месо

Мистер Олимпија, Терминатор или човекот што цел живот го посвети на градење сериозна мускулна машина со стандардна месојадна исхрана оваа недела изјави дека сите ние треба барем делумно да скратиме од консумирањето на месо и јајца, најмногу обраќајќи се за ефектот од сточарската и прехрамбената индустрија спрема животната средина. 

Во говор одржан на конференцијата за климатските промени при Обединтетите Нации во Париз оваа недела, Шварци изјави дека сите ние треба да направиме промена во нашата исхрана т.е. да се префрлиме на вегетаријанска или веганска исхрана барем неколку дена во неделата за подобрување на целокупниот ефект врз нашата животна средина. 

Шварценегер кој во последен период е огромен поборник за човековата средина и екологијата изјави дека 28 проценти од стакленичките гасови кои се испуштаат во атмосферата, главните виновници за глобалното затоплување, доаѓаат од сточарската и месната индустрија па затоа тој советува дека е добро кога сите ние би скратиле барем малку од консумирањето на овие продукти. 

Тој вели дека, да се бара од луѓето целосно да ги исфрлат млечните и месните производи од нивната секојдневна исхрана е премногу остро и нереално но алудира на вметнување на неколку вегетаријански или вегански денови во неделата.

Запрашан пак, што тој мисли за бодибилдерската исхрана, Арнолд изјави дека тој познава многу бодибилдери и кревачи на тегови кои се на целосно вегетаријанска исхрана и дека протеините може да се обезбедат на многу различни начини, меѓукои и од растителните продукти. 


Може да ве интересира – ВЕГАН, АМА НЕ ЦЕЛОДНЕВНО


Интересен беше и говорот кон еден од новинарите на Гардијан, каде Шварценегер вели дека потребно е да се гледа на климатските промени токму во денешен период, а не да се губи фокусот на иднината. 

  • „Тотално излудувам кога слушам како луѓето зборат за тоа што ќе се случи за 30 години од сега, за покачувањето на нивоата на морињата и океаните итн. А што е со сегашноста? Илјадници луѓе умираат од загадувањето и уште повеќе живеат со рак поради загадувањето на воздухот.” – изјави Шварценегер. 

Реакцијата од социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук беше двострана, некои го порддржуваат ова мислење на познатиот актер, а некои велат дека е целосно лицемерие да се изјавуваат вакви работи од негова страна. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија