Еден сноубордерски сон

Откачување од материјалното живеење и станување домаќин на планината. Нешто во стилот на враќање кон основите на човечноста, ослободување од цивилизацијата и само фристајл спустови. Тој сон. 

Кога се склопуваат желбата за слобода, страста за сноубординг и посветеноста да се изрази сопствената различност наместо следење на општествените норми, се добива живот од соништата.

Мајк Басич е баш таков пример. Професионален сноубордер кој по освојување на стотици турнири и многу финансиски богатства и слава, тргнал кон нешто поразлично.

Уште како дете се заразил со сноубордерство откривајќи ги придобивките кои се добиваат од него: слободата на изразување, креативноста и тоа што спортот немал правила и никој не му диктирал што да прави.

Од својата седма до четиринаесета година имал епилепсија што во понатамошниот дел од животот му помогнало да ја гледа различноста како нешто со кое може да се поистовети.

Така, ја имал храброста да се откаже од сите материјални придобивки кои ги добил со професионалната кариера и да тргне во поход кон вистинското живеење кое го исполнува. Мала куќичка за себе и двор – планина – за постојан фристајл.

Како додаток, за сите други планини си ја скоцкал и куќичката на тркала за и тие ко дом да му бидат…

Внимавај, двете видеа во оваа статија може да те инспирираат и тебе за слични животни потези, може и ти ќе му го свртиш грбот на “цивилизираниот свет” и ќе отидеш во дивина…