Биди бунтовник, кажи НЕ на пластичните кеси

Денеска е светски ден против пластичните кеси, па во таа пригода „Ајде Македонија” ве повикува на едно неделно „НЕ” за нивното користење. Можеш ли да издржеш една недела без земање пластични кеси?

Секако дека можеш, ако си бунтовник во душа, бидејќи пола милјарда фрлени пластични кеси годишно во Македонија е едноставно неприфатливо.

Ги гледаме насекаде, ги загадуваат населените места, природата, почвата, водите, опасни се за животните… Пластика како пластика не се разградува, не ја снемува, останува во природата стотици години откако ја фрламе и мора да се исфрли од употреба.

Затоа почнувајќи од денеска во склоп на светската акција против користењето на пластични кеси, „Ајде Македонија” ви прави предизвик, дали можете да издржите една недела без користење пластични кеси? 

Можете да го прифатите предизвикот на следниов ЛИНК , а искуствата од некористењето на пластичните ќеси можете да ги споделувате на нивната Фејсбук страница и преку користењето на хаштагот #plastikastop.  

Разбуди го револуционерот во себе и во моментот кога на каса ти нудат пластична кеса кажи:

НЕ, не сакам да загадувам!